Контакт

Регион

(Видео) Силниот ветер предизвика хаос и пожари во Подгорица

Објавено пред

Пожари, скршени стебла, сообраќаен неред и прекини во електричната енергија во период од два часа, предизвика силниот ветер што ја погоди Подгорица.

По ветрот активни се неколку пожари, а една куќа изгоре во населбата Загорич, пренесуваат црногорските медиуми.

РТЦГ наведе дека сообраќајниот хаос настанал бидејќи не работеле семафорите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Дачиќ: На Шаолиќ му дадоа некакво средство за успивање и веќе не се разбуди

Објавено пред

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ откри нови детаљи околу смртта на пејачот Шабан Шаолиќ, кој трагично загина во сообраќајна несреќа во неделата во Германија.

Дачиќ вели дека починатиот крал на народната музика, по несреќата, која се случи по настап, излегол од возилото без траги на видливи повреди, поради што смета дека мора да се преиспита причината за неговата смрт, пренесе „Блиц“.

„Шабан излезе од автомобилот, но беше во многу лоша состојба што практично мораа да направат некаква интервенција и да го однесат во болница. Беше лошо, но беше свесен. Тој излезе без траги на видливи повреди. Се пожали дека има проблеми со грлото, градите, дека нешто го мачи. Повикаа хеликоптер и му дадоа некое средство за успивање, по што тој веќе не се разбуди. Во болница се обидуваа да го реанимираат, го отворија и воочија дека дошло до компликации на аортата. Обвинителот сега бара обдукција за да се види поради што умрел“ изјави Дачиќ.

Тој рече дека е прашање на време кога телото на Шаолиќ ќе стигне во Белград. За него Шаолиќ бил многу добар човек, секогаш им помагал на младите пејачи.

„Тој сакаше да пее, има пејачи што ќе испеат две-три песни и пријатно. Тој беше во состојба да останат цела ноќ и пееше од душа. Еден е Шаолиќ, тешко некој да го замени, каде и да се свртиш, таму е Шабан, сите песни кои ги сакаме, се негови песни. Секако дека треба да биде погребан во Алејата на великаните“ нагласи Дачиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Маж се разнесе со бомба на Копаоник

Објавено пред

Маж на возраст од 49 години изврши самоубиство во вилата „Рај“ на Копаоник, објавија белградските медиуми.

Како што се наведува, телото на Ј.Л. е пронајдено во магацин, а првичните резултати од истрагата покажуваат дека човекот рачно ја активирал бомбата.

Мотивот за самоубиството ќе го утврди истрагата.

Прикажи повеќе...

Регион

Новите министри во Грција положија заклетва

Објавено пред

Шест нови грчки министри во владата на Алексис Ципрас положија заклетва во палатата на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, откако претходната недела грчкиот премиер, Алексис Ципрас, соопшти дека ќе направи мини-реконструкција во неговиот кабинет, пренесе грчката новинска агенција „АНА-МПА“.

Јоргос Катругалос го презеде Министерството за надворешни работи, ресор што беше во рацете на грчкиот премиер по оставката на Никос Коѕијас.

Новите министри кои положија заклетва пред претседателот Павлопулос и премиерот Ципрас се Ранос Моратис (инфраструктура и транспорт), Ангелос Толкас (политиката на миграција), Елефтериа Чацигорги (внатрешни работи) и Константин Баркас (работа, социјално осигурување и социјална солидарност), а Атанасиа Сиа Анагностопулу е назначена за заменик-министер за надворешни работи.

На церемонијата за полагање заклетва на новите членови во реконструираниот кабинет на Алексис Ципрас присуствуваа семејствата на новите функционери и блиските соработници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија2 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија3 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија3 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија4 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток4 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток4 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ5 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет6 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија6 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет6 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет7 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет8 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет9 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ19 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија19 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија20 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија22 часа

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија23 часа

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија23 часа

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Досие