Контакт

Регион

(Видео) „Сите Бугари заедно – Босилеград” – бугарски нацисти марширaа низ Софија

Објавено пред

Во неделата десетина неонацисти и ултранационалисти маршираа во центарот на Софија во знак на протест по повод годишнината од формирањето на комунистичката власт во Бугарија. Тие поминаа низ центарот на градот сè до споменикот на жртвите на комунизмот.

Во своето обраќање лидерот на Националниот отпор, Благовест Асенов, рече дека Бугарија мора да се врати во бугарски раце и во рацете на бугарските националисти. Демонстрантите носеа маици со ликот на Адолф Хитлер и голем транспарент со слика на Бенито Мусолини, како и познати бугарски водачи од периодот на сојузништво со нацистичка Германија.

Она што е најлошо во целиот марш е бугарското знаме на почетокот на колоната на кое пишува: „Сите Бугари заедно – Босилеград“. Со ова тие директно повикаа на распарчување на Србија бидејќи Босилеград е општина во Србија. Бугарските ултранационалисти бараат ревизија на границите и создавање голема Бугарија во која би влегле големи делови од Грција, Србија, Турција, Романија, како и целата територија на Македонија.

Регион

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Објавено пред

Од

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го зафати Оребич, каде што жителите се обидуваат да ги спасат своите домови од огнената стихија.

Со интервенција на пожарникарите, дел од објектите се спасени, но огнот зафати неколку домови кои се изгорени.

Во гаснењето на огнот се вклучени три канадери, а се најавува дека на терен ќе биде испратен и уште еден.


Силното невреме го спречува гаснењето на пожарот и пристапот до жариштето.

Прикажи повеќе...

Регион

ОН: БиХ подобро да ги организира засолништата за мигранти пред зимата

Објавено пред

Од

Обединетите нации денеска објавија дека Босна и Херцеговина треба да направи повеќе за да обезбеди соодветни засолништа за мигрантите пред претстојната зима, вклучувајќи ги и засолништата за стотици мигранти што спијат на отворено во пограничните области со Хрватска.

„Сега е клучен предизвик за подготовка за зимата“, рече Стефани Волденберг, висок официјален претставник на УНХЦР за заштита на бегалците.

Прикажи повеќе...

Регион

Ратко Младиќ испрати порака до граѓаните на Република Српска

Објавено пред

Од

Поранешниот воен командант на војската на Република Српска и хашки осуденик, Ратко Младиќ, им се обрати на граѓаните непосредно пред изборите во Босна и Херцеговина.

Младиќ се обрати со порака која на прес-конференција во Бања Лука ја пренесе претседателот на Организацијата на старешини на војската на Република Српска, Милован Милутиновиќ, чиј член е и Младиќ.

Тој во пораката порачал дека обврска на сите политичари и патриотски сили е да дадат отпор на сите форми на загрозување на Република Српска и нејзините институции.

Младиќ навел дека прифатил во периодот што следува да биде избран за почесен претседател на таа организација.

„Младиќ навел дека не го прави тоа заради себе, туку затоа што ги поддржува целите дефинирани со Статутот на Организацијата и потребата од обединување на патриотските сили за основните цели и обврски насочени кон зачувување на Република Српска и зголемена грижа за семејствата на загинатите, воените инвалиди, борците и старешините што дале несебичен придонес“, навел Милутиновиќ.

Хашкиот суд го осуди Младиќ на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и други воени злосторства. Во тек е жалбена постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион7 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија8 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија9 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток10 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток10 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ11 час

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток12 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story14 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток14 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион14 часа

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија15 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет15 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет16 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ16 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет19 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт1 ден

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија1 ден

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија1 ден

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Досие