Регион
(Видео) Со нож нападнат возачот на автобус на релацијата Дортмунд – Белград

Возач на автобус бил нападнат на релација Дортмунд – Белград кај Линц во Австрија.
Според извештаите од српските медиуми, нападот го извршил Хрват (25), кој со нож го нападнал возачот (40) од српска националност и неколкупати го пробол.
Според информациите, сè се случило на паркинг. Патниците успеале да го запрат напаѓачот, а мажот бил пренесен во болница.
Австриската полиција и Обвинителството ги утврдуваат причините за нападот.
Како што потврдил директорот на превозникот „Ласта“, Владан Секулиќ, драмата се одвивала во близина на Линц во Австрија.
„Патникот, кој го нападнал возачот, влегол на станицата во Линц. На нападот не му претходела расправија. Во еден момент тој станал од своето место и почнал чудно да се однесува. Извадил мало сечило и го ранил нашиот колега. Тој бил совладан од совозачот и другите патници, а нападнатиот возач добил полесни повреди. Напаѓачот бил приведен од австриската полиција, а сите патници дале изјава“, објаснил Секулиќ.
Според неговите зборови, повредениот колега е добро, сите патници пристигнале во Белград, а кога ќе го добие извештајот на австриската полиција, превозникот официјално ќе објави за овој инцидент.
@patriotiizamСпречен терористички напад у Ластином аутобусу на релацији Дортмунд Београд. Возач је избоден али жив #srbija #serbia #dortmund #beograd♬ original sound – 🇷🇸
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Српски виролог: Кинеската вакцина побавно создава имунитет, но е најотпорна на мутациите на коронавирусот

Миланко Шеклер, виролог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Кралево, вели дека кинеската вакцина против коронавирус побавно создава имунитет, но дека според научниците од Кембриџ и Оксфорд, таа вакцина е најотпорна на мутации на вирусот.
Шеклер рече дека вакцините на кинескиот производител „Синофарм“ ги испитувале американски лаборатории и потсети на изјавата на еден од американските виролози од Универзитетот во Мериленд од минатата недела дека сите источни вакцини се безбедни и ефикасни и дека тоа се однесува на кинеските, индиските и на руската „спутник В“.
„Тоа е класична вакцина, експертите од Кембриџ и Оксфорд велат дека кинеската вакцина е најотпорна на мутации, бидејќи ја содржи целата честичка на вирусот“, изјави Шеклер за телевизијата К1.
Коментирајќи ја изјавата на раководителот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Гао Фу, дека поради ниската ефикасност на кинеските вакцини, се разгледува комбинацијата на вакцини против Ковид-19, Шеклер рече дека кинеската вакцина на „Синофарм“ побавно развива имунитет отколку западните „инстант“ вакцини кои се засноваат на еден антиген.
Тој додаде дека ефикасноста на вакцината на „Синофарм“ е до 86 проценти, околу 50 проценти за „Синовак“ и до 62 проценти за вакцината против сезонски грип.
Регион
Уапсен словенечки државјанин, превезувал 33 мигранти од Пакистан

Дваесет и две годишен словенечки државјанин е уапсен откако бил фатен во комбе со кое превезувал 33 пакистански мигранти, соопшти денеска полициската управа на Љубљана.
Полицијата запре комбе на автопатот А1 во близина на Врника, југозападно од Љубљана, додека возеше во правец на Копер.
При претрес на возилото биле откриени 33 пакистански државјани, а мигрантите илегално ја минале границата.
Возачот, кој доаѓал од подрачјето на Крањ, бил уапсен, додека постапките со мигрантите се уште траат, објави полицијата.
Регион
Во Албанија 143 килограми кокаин пронајдени во пакети од банани

Управители на две компании од албанскиот град Драч биле уапсени бидејќи во контејнери од Еквадор, кои пристигнале на нивно име, биле пронајдени 143 килограми кокаин распределени во 200 пакувања.
Двајцате мажи, братучеди, негираа дека имале каква било врска со тој товар, на кој била залепена фотографија на Пабло Ескобар, пренесуваат албанските медиуми.
Двајцата обвинети, како што рекоа, нарачале банани од Јужна Америка, од каде што им доаѓала стоката со овошје секоја недела.
Бродот беше испратен уште пред 40 дена од Еквадор по што имал застој во Панама и Италија, каде што се задржал една недела, а од Грција пристигнал во Албанија.
Албанската полиција се сомнева дека товарот од 143 килограми дрога пристигнал во Албанија во име на три криминални групи, објавија албанските портали.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш