Контакт

Регион

(Видео) Страшна несреќа на Скијатос – сериозно повредена жена која снимала полетување на авион

Објавено пред

Несреќа се случи на аеродромот во Скијатос каде што туристите и локалните жители се собираат да го гледаат полетувањето на авионите.

dobivaj vesti na viber

Туристката (61) сакала да го снима авионот додека полетува, но издувните гасови ја собориле и ја фрлиле во морето.

Како што може да се види на видеото, жената била на патот покрај морето, на само неколку метри од ѕидот и почетокот на пистата. Во моментот кога авионот полетал, таа ги кренала рацете, а не долго потоа воздушната сила од турбината ја фрлила неколку метри во морето.

Лекарите од локалниот Здравствен дом констатирале дека таа се здобила со сериозни повреди на главата, карлицата и модринки на десното рамо и левиот зглоб, а жената со брод е пренесена во болницата во Волос, најблискиот град на копното.

Ова е втора ваква несреќа во последните неколку недели.

Меѓународниот аеродром Скијатос Александрос Пападиамантис е познат по ниските слетувања и е исклучително популарна дестинација за секој кој сака да гледа полетувања или слетувања и да фотографира.

И покрај поставените знаци и предупредувањата од властите да се држат подалеку од областа околу пистата на аеродромот, многу туристи се приближуваат за да направат слики или видео од леталото што се приближува.

Регион

Брнабиќ: Името на новиот премиер ќе се знае за седум до осум дена

Објавено пред

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека консултациите на Српската напредна странка околу изборот на мандатарот и новата Влада на Србија ќе почнат попладне.

dobivaj vesti na viber

„Консултациите во СНС ќе траат два дена, по што ќе има консултации со другите партии“, изјавила Брнабиќ.

Според Брнабиќ, Србија сè уште нема влада бидејќи само што е конституиран Парламентот, како и дека тоа што ќе бидат приоритетите и темите на новата влада ќе остане за новиот мандатар.

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис за прислушувањето: Да знаев, немаше да го дозволам

Објавено пред

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видеоизјава објасни дека пред неколку дена бил информиран оти од септември 2021 година, три месеци, Националната разузнавачка служба легално го следела мобилниот телефон на Никос Андрулакис додека сè уште беше европратеник, а пред да биде избран за лидер на партијата.

dobivaj vesti na viber

„Она што се случи, иако беше во согласност со одредбите на законот, беше погрешно. Не знаев за тоа и очигледно никогаш немаше да го дозволам“, рече Мицотакис и посочи дека постапката била одобрена од висок обвинител, токму како што е предвидено со одредбата од законот донесена во 2018 година од претходната влада.

„Иако сè беше законски, Националната разузнавачка служба ја потцени политичката димензија на конкретната постапка. Тоа формално беше адекватно, но политички неприфатливо. Не требаше да се случи предизвикувајќи пукнатини во довербата на јавноста во службите за национална безбедност“, рече Мицотакис.

Посочи дека постоеле недостатоци во управувањето со постапката и затоа беше сменет директорот на Службата, а генералниот секретар на Владата, според Мицотакис, со оставката, „ја презеде објективната политичка одговорност“.

Прикажи повеќе...

Регион

Чавушоглу: Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји и дека тоа ја потврдува посветеноста на земјата за мир и стабилност во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Посетата што претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе ја направи на балканските земји следниот месец ги потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста во регионот. Турција силно ги поддржува мирот и стабилноста на Балканот“, рече Чавушоглу говорејќи на отворањето на 13. конференција на амбасадори, што се одржа во Анкара.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) ЦУК: Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили во...

Македонија8 часа

Десет починати лица, регистрирани 1.233 новозаразени со коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 6.8. 2022 до...

Македонија10 часа

ЈП „Комунална хигиена“: Кон вработената која предизвика инцидент веќе е започната дисциплинска постапка

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје кои месеци и години земале плата а не...

Европа11 час

Бајден за активностите на Кина: „Загрижен сум“

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека не е загрижен за Тајван, туку дека е загрижен за Кина. Бајден открил...

Топ12 часа

Турски државјанин со живеалиште во Скопје осомничен за криумчарење на над 13 килограми злато на Табановце

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донело наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин со живеалиште...

Економија16 часа

Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Македонија17 часа

(ВИДЕО) Иван, кој го преживеа Халкидик, во интервју за грчки медиум: Најлошиот роденденски подарок

Пред точно еден месец скопјанецот Иван (30) заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити, на Халкидик....

Свет17 часа

Путин прави чистка: отпуштил шест генерали, меѓу кои и Месарот од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин отпуштил шест генерали поради лошите резултати од борбените операции во Украина, јавуваат светските медиуми. Според информациите,...

Македонија18 часа

Ја нападнал екссопругата со тупаници и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако не се смират

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило...

Топ18 часа

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај т.н. тајмишка...

Свет18 часа

Уште два брода со храна ја напуштија Украина

Уште два брода, едниот со пченка, а другиот со соја, денеска ги напуштија украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана....

Свет20 часа

Кина најави нови воени вежби околу Тајван

Кинеската војска за денеска најави нови вежби на море и на небото околу Тајван. Источната борбена команда на Народноослободителната војска...

Македонија20 часа

Пожарот кај селото Фурка сè уште активен

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица соопшти дека пожарот кај с. Фурка меѓу општина Дојран и Богданци сè...

Европа1 ден

(Видео) Експлозија во близина на аеродромот Хитроу во Англија

Силна експлозија одекна околу 17 часот по локално време во близина на аеродромот Хитроу во Англија. По експлозијата, чија причина...

Свет1 ден

Трамп: Америка повеќе никој не ја почитува, ние сме народ кој стана шега

Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и Америка, изјави Доналд Трамп. Тој исто така изрази загриженост дека другите...

Топ1 ден

Повредено дете во приватна градинка во Скопје, родителот не бил информиран

На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако...

Македонија2 дена

Почина жената од Неготино, која беше претепана од партнерот

Почина 46-годишната жена од Неготино која беше претепна од партнерот П.Н.(51) исто од Неготино. Таа беше во кома пет дена,...

Свет2 дена

Израел прифати хуманитарен прекин на огнот, но Исламски џихад одби

Израел се согласи на хуманитарен прекин на огнот на предлог на Египет, но палестинската организација Исламски џихад ја одби понудата,...

Македонија2 дена

(Видео) Каевски: СДСМ реализира стратешки цели, ВМРО-ДПМНЕ блокира и го дели народот

Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста. Република Северна...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се...