Регион
(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, километарска колона на автопат – има загинати и повредени

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот во правец кон Загреб. Според хрватските медиуми, се судриле три возила – со словенечки, словачки и српски регистарски таблички.
Несреќата се случила денеска во 10 часот и 30 минути, а едно лице починало, додека седум лица се пренесени во болница.
Поради несреќата на автопатот настанал голем метеж и се формирала колона долга 10 километри. Хрватските медиуми јавуваат дека се замолуваат патниците да избегнуваат патување преку оваа релација додека не се стабилизира состојбата.
Во тек е увид на местото на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Убиен е 34-годишен маж во Цетиње, пукал кон сограѓани

Почина мажот кој отвори оган со огнено оружје кон сограѓани зад зградата на Владата во Цетиње, денеска нешто пред 16 часот.
Според неофицијални информации од подгоричките медиуми, тој претходно ранил неколку лица.
Како што објавија медиумите, полицијата се обидувала да го совлада 34-годишниот маж кој отворил оган кон жителите на Цетиње, а имало неколкумина повредени.
Засега нема официјални информации од надлежните.
Според неофицијални информации се работи за семеен конфликт.
Uncategorized
Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.
Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.
„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.
Регион
(Видео) Неколку лица повредени во сообраќајна несреќа во Дубровник

Во судир на два автомобила со дубровнички регистарски ознаки на државниот пат Д-8, недалеку од кривината за Босанка, повредени се неколку лица, кои со возило на итната медицинска помош се пренесени во ОБ Дубровник.
Полицијата известува како се одвива сообраќајот – од градот преку жичницата, а излезот е преку Комолц.
Сè уште не е познато како дошло до несреќата, пренесе „Блиц.рс“.