Контакт

Регион

(Видео) Уапсени двајца мажи осомничени дека припаѓаат на словенечка паравоена група

Објавено пред

Словенечката полиција уапси двајца мажи за кои се сомнева дека припаѓаат на паравоена група, откако на социјалните мрежи се појавија видеоснимки на групата што се претставува како армијата  на Штаерска.

Pred prisego Štajerske varde.

Gepostet von Andrej Šiško am Montag, 3. September 2018

Полицијата го потврди ова на „Твитер“ дека по претресот на пет куќи во Марибор и околината уапсија двајца мажи, но не наведоа дали се работи за членови на горенаведената група на Андреј Шишкo, објави СТА.

Словенечкиот портал „24ур” објави пред неколку дена дека поранешниот претседателски кандидат Шишкo ја предводи таканаречената „Штаерска армија”, која ја формираше по прогласувањето независност на Источниот Словенечки Регион минатата година.

Полицијата објави дека вршат истрага врз основа на снимката.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Лажна дојава за бомба ги испразни судовите во Сараево

Објавено пред

Лажна дојава за бомба во судовите во Сараево ја вознемири босанската полиција. По завршените проверки во зградите на Општинскиот, кантонски суд во Сараево и Врховниот суд на Федерацијата на БиХ, полицијата потврди дека заканата за бомба била лажна.

Сараевската полиција претходно беше принудена да ги евакуираа сите правосудни институции во Сараево поради тоа што непознато лице јавило дека има поставена бомба во судот, без да наведе во кој суд.

Затоа сите судските институции во главниот град на БиХ беа чувани од полицајци, додека во внатрешноста на зградите беше извршен преглед.

„За среќа, станува збор за лажна дојава”, велат од Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.

Според неофицијални информации, заканата за бомба била упатено во време кога биле спроведи интервјуа со кандидати за судии во Уставниот суд на БиХ.

Прикажи повеќе...

Регион

Макрон: Србија има свое место во Европа

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Србија има свое место во Европа, но го повтори ставот дека Европската Унија треба да се реформира за да ја прими Србија.
        
,,Србија е на тој пат и јас секогаш ќе бидам покрај вас за да работиме на приближување и развивање на дијалогот”, рече Макрон на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.
        
Тој истакна дека паралелно со тоа, ЕУ треба да се реформира за да биде подготвена да ја прими Србија. ,,Србија го покажа својот ангажман и патот по кој сака да оди, како и подготвеност да се преземат храбри реформи, а ЕУ има свои барања”, рече Макрон.

        

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе го промени мислењето за косовското прашање.

„За Франција, Косово е независно, за Србија не е. Мора да разбереме дека постојат земји кои размислуваат поинаку. Макрон е еден од ретките лидери кои сакаа да нè слушнат”, рече Вучиќ на прес-конференцијата по состанокот со францускиот претседател во Белград.

Тој рече дека има доверба дека Макрон сака да ги зачува мирот и стабилноста на Балканот и дека верува во она што тој ќе го изнесе како идеја за решавање на косовското прашање.

„Го молев да ни помогне да го решиме ова прашање, тој беше отворен и чесен да сослуша. Величествени заклучоци по овој состанок не се можни”, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија2 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија3 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија4 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион6 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија8 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија9 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија11 час

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија12 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија12 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија12 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија13 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија15 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава16 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет16 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет18 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион18 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт1 ден

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Досие