Контакт

Регион

(Видео) Хаос на протест во Црна Гора – автомобил во кој била ќерката на премиерот покоси демонстранти

Објавено пред

Службен владин автомобил турнал и повредил демонстранти во близина на Богетиќи во Црна Гора, се гледа на кратко видео направено од порталот „Антена М“.

Премиерот Здравко Кривокапиќ потврди дека во возилото се наоѓала ќерка му, инаку заштитено лице во таа ситуација.

„Како татко нема да ги заборавам нејзините солзи и стравот. Како премиер нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие! Во земјата ќе има ред и закон на кој не сте навикнати. Ќе го видите тоа набргу“, најавил премиерот непосредно по инцидентот, а откога многу Црногорци излегоа на улиците во целата земја.

Демонстрантите се револтирани од одлуката на владата за промена на одлуката за критериуми за стекнување црногорско државјанство со прием и Законот за регистар на престојувалиштата и живеалиштата.

Опозициските приврзаници ја обвинуваат владејачката партија дека се обидува значително да ги промени избирачките списоци токму преку промената на регулативите за државјанство, престојувалиште и живеалиште, а тоа, како што велат, би ги загрозило темелите на суверена и независна Црна Гора.

Според нивните процени, околу 40.000 црногорски граѓани во дијаспората ќе го загубат правото на глас, а околу 35.000 луѓе од Србија, Русија и од Босна и Херцеговина ќе го добијат тоа доколку се реализираат ваквите замисли.

Ова беше причина за масовни протести и блокади на патиштата во Црна Гора. Кривокапиќ го обвинува претседателот Мило Ѓукановиќ дека стои зад ваквите нереди, а тој ги нарече инсинуациите на премиерот крајно неморални.

Управата на црногорската полиција објави дека ги утврдува околностите под кои се случил инцидентот на магистралниот пат Никшиќ – Подгорица кај местото Богетиќи.

Според порталот РТЦГ, инцидентот се случил кога владино службено возило „мерцедес“, со регистарски ознаки ПГ-ЦГ-301, наводно поминало низ насобраните граѓани, кои се движеле кон Подгорица, за да присуствуваат на протестот пред зградата на владата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Пахор: Интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на словенечкото претседателство со ЕУ

Објавено пред

Интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на претседателството на Словенија со Советот на ЕУ, рече словенечкиот претседател, Борут Пахор, за време на состанокот со црногорскиот министер за одбрана, Оливер Инјац, додавајќи дека Црна Гора може да смета на политичката и на експертската помош на Словенија, известуваат медиумите во регионот.

Како што е наведено, Пахор оценил дека традиционално добрососедските односи меѓу двете земји се засноваат на интензивен политички дијалог, заеднички вредности и значајна соработка во многубројни области.

„Тој исто така го посочи очекувањето преговорите на Црна Гора со ЕУ да продолжат со побрзо темпо и Црна Гора да стане првата следна членка на Унијата. Во тој контекст тој истакна дека интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на нивното претседателствување додавајќи дека можеме да сметаме на политичката и на експертската помош на Словенија“, се вели во соопштението од црногорските власти.

Истовремено, биле поздравени планираните приоритетни цели на Република Словенија за време на претстојното претседателство со Советот на Европската Унија, кое ќе почне во јуни 2021 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис: Се предвидува Грција да се отвори за туристи на 15 мај

Објавено пред

Грција треба да биде отворена за туристи од 15 мај, потврди денеска премиерот Кирјакос Мицотакис велејќи дека пандемијата на коронавирусот покажува знаци на стабилизација за што придонело и воведувањето на вакцините.

„Вакцините, самотестирањето и подобреното време нè уверуваат дека оваа авантура без преседан е при крај“, рече Мицотакис во специјалното телевизиско обраќање, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, премиерот додаде дека стапката на новозаразени случаи со коронавирус сè уште е висока и дека луѓето не треба да патуваат за време на велигденскиот викенд, кој почнува на 30 април.

„Реков дека нашата цел е безбеден Велигден и бесплатно лето“, повтори Мицотакис.

Тој додаде дека рестораните би требало да се отворат од 3 мај, а училиштата од 10 мај.

Владата овој месец почна со масовна поделба на бесплатни комплети за тестирање дома за да ги отвори средните училишта и некои услуги бидејќи сака да ја контролира ситуацијата со Ковид-19 доволно пред почетокот на туристичката сезона, односно од 15 мај.

Здравствените власти пријавија 3.015 нови случаи на Ковид-19 и 86 смртни случаи денеска.

Прикажи повеќе...

Регион

Пукање во Албанија – едно лице убиено, две ранети, медиумите го поврзуваат со предизборието

Објавено пред

Едно лице загина, а две се повредени во пукање во Елбасан, што албанските медиуми го поврзаа со обид за купување гласови.

Пукањето се случува само неколку дена пред парламентарните избори во земјата, анализираат медиумите.

Локалниот социјалист Пјер Јувани бил застрелан, а ранет бил неговиот зет и полицаец, кои случајно се нашле на местото на конфронтацијата, пренесуваат албанските медиуми.

Полицијата го идентификувала напаѓачот, кој веднаш потоа се предал.

Арбер Пиплеска, кој е поранешен припадник на специјалните единици на албанската полиција и наводно локален функционер на Демократската партија, рекол дека пукал во самоодбрана.

Наводниот мотив за пукотниците е купување гласови пред парламентарните избори, кои се одржуваат в недела, пишуваат албанските медиуми.

Според написите, непосредно пред пукањето претставниците на демократите се пожалиле дека во Елбасан кружат возила без регистарски ознаки, од кои тие им нуделе пари на граѓаните во замена за гласови на изборите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на...

Македонија10 часа

Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени...

Македонија12 часа

Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери

Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден...

Македонија12 часа

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан...

Македонија13 часа

Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот

Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој...

Топ14 часа

(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот

Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое...

Македонија15 часа

Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи

Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките. На состанокот се...

Македонија16 часа

Обвинeние за Вера Иванова, за аферата со дијализа

До кривичниот суд во Скопје поднесено е обвинение против Вера Иванова поради сторени кривични дела перење пари и злоупотреба на...

Македонија16 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Богдановиќ седел во кафеана додека сите се под клуч, тој демантира

Саша Богдановиќ вчера беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час, обвини денеска...

Регион17 часа

Рама: Мини шенгенoт е можност за отстранување на границите меѓу Албанија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама го гледа мини шенгенoт како можност за, како што рече, отстранување на границите меѓу Албанија и...

Топ18 часа

Детали за убиството во Струга: Ја избол сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја...

Свет19 часа

(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата

Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки...

Свет19 часа

Зеленски му предложи на Путин да се сретнат во Донбас

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку видеопорака го повика рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас....

Топ1 ден

Стружанец си ја убил сопругата со нож и се обидел да се самоубие

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата,...

Македонија1 ден

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на...

Македонија1 ден

Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во...

Спорт1 ден

Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Дел од навивачите на Челси јасно го кажаа своето мислење за новата Европска Суперлига, откако го блокираа автобусот на својот...

Македонија1 ден

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде...

Македонија1 ден

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија2 дена

„Ќе можете ли да ни помогнете?“ – угостителите, игротеките и туристичките агенции на протест побараа финансиска помош

Континуирана финансиска поддршка за спас на туристичко-угостителскиот сектор побараа попладнево на протест угостителите, претставници на ноќните клубови, рестораните за свадби,...

Досие