Контакт

Регион

(Видео) Шумски пожар избувна во близина на Атина, десетици домови се евакуираат

Објавено пред

Грчките власти евакуираа детски летен камп, неформален камп за бегалци и мигранти, како и десетици домови поради шумски пожар. Пожарот избувна јужно од Атина, каде што силните ветришта им го отежнуваат гаснењето на пожарот на пожарникарите.

Големиот шумски пожар избувнал денеска во југоисточна Атика, на подрачјето на градот Лаврио, на 60-ина километри од Атина, соопшти пожарникарската служба.

Во согласност со препораката на противпожарната служба, надлежните органи ги евакуираа жителите на четири населби, деца од блискиот летен камп „Акрогијали“ и неформалниот камп за бегалци и мигранти, кој е во сопственост на Министерството за развој.

Пожарот избувнал во близина на боровата шума во подрачјето на Понта Зеза во Лаврија, а силните ветрови ја зголемуваат можноста пожарот да се шири во шумата на Сунио, предупреди градоначалникот на Лавреотики, Димитрис Лукас.

На местото на настанот се испратени 49 пожарникари и 19 противпожарни возила, два противпожарни авиона и четири хеликоптери, јави „Катимерини“.

Мал пожар избувна и во област со мала вегетација на Пелопонез. Таму се испратени 27 пожарникари и 13 противпожарни возила, како и два авиона и еден хеликоптер.

Регион

(Видео) Демонстранти фрлаа јајца и домати кон српското Собрание

Објавено пред

Србија денеска го доби новиот состав на Народното собрание.

Пред зградата на Собранието дојде до немири и инцидент кога пратениците излегоа надвор поради пауза. Насобрани демонстранти фрлаа со јајца и домати врз зградата на Надродното собрание кога видоа дека пратениците излегуваат.

Полицијата се обиде да го казни лидерот на движењето „Доста беше“ (ДЈБ), Саша Радуловиќ, бидејќи е блокиран сообраќајот пред Парламентот поради протестот организиан од ДЈБ. Но, Радуловиќ не е казнет бидејќи демонстрантите се упатија кон заштитната ограда поставена пред Парламентот.

Еден демонстрант е приведен откако скандирааше „Вучиќу шиптару ќе платиш за предавството“ и „Не го даваме Косово“.

Во Собранието на Србија денеска се одржува конститутивната седница. Вратите на Парламентот се затворени, а пратениците не ја напуштаат зградата.

Српското опозициско движење Доста беше (ДЈБ) синоќа одржа протест пред Парламентот и најави дека денеска ќе го блокира Собранието за да не се одржи конститутивната седница, бидејќи изборите се фалсификувани.

Прикажи повеќе...

Регион

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Објавено пред

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие.

Нов рекорд на новозаболени во Албанија

Откако Албанија вчера регистрираше рекордни 120 новозаразени, што е најмногу од почетокот на пандемијата, денеска забележан е нов рекорд. Имено, во последните 24 часа во земјата, потврдени се 123 нови случа, а починале пет пациенти, на возраст од 47 до 72 години, тројца од Скадар и двајца од Тирана.

Од последно потврдените нови случаи половина се од Тирана, каде се и половина од активните случаи или 1.285 лица.

Во Косово уште 13 починати и 245 заболени

Пораст на бројот на заболени и починати е регистриран и во Косово. Денеска во земјата има 245 новозаразени, што е за 9 повеќе од вчера, а зголемен е и бројот на смртни случаи од 10 на 13.

Вкупно, од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 8.799 заразени. Излекувани се 4.863 лица, а активно заразени се 3.687.

Србија со помалку случаи на новозаразени во споредба со вчера

Според најновите податоци во Србија уште осум пациенти ја загубиле битката со ковид-19.

Потврдени се 311 новозаразени, што е помалку од вчера кога имаше 330.

Голем пад на бројот на новозаразени во Бугарија во споредба до вчера

Во Бугарија во изминатите 24 часа се потврдени 146 нови случаи на коронавирус од извршени 3.955 тестови. Во земјата вчера беа потврдени 270 новозаболени.

Вкупниот број од почетокот на пандемијата е 11.836 лица, во моментот активни се 5.055 од случаите.

Хоспитализирани се вкупно 793 лица, од кои 43 во одделенија за интензивна нега. Излечени се 6.396 од кои 77 во последните 24 часа.

Две лица починаа, со што вкупниот број жртви достигна 385.

Во Грција 75 новозаболени

Грчките здравствени власти вечерва објавија 75 нови случаи на коронавирус и 2 смртни случаи во последните 24 часа.

Вкупниот број случаи се искачи на 4.662, со 208 смртни случаи.

Денешните податоци се помалку алармантни од вчерашните, кога беа регистрирани 110 новозаболени.

60 новозаразени во Црна Гора

Во последните 24 часа во Црна Гора биле потврдени 60 нови случаи на коронавирус врз основа на 431 тестирани примероци, а едно лице починало, соопшти Институтот за јавно здравје.

Половина од новозаразените се од Подгорица.

Вкупниот број на активни случаи во Црна Гора во моментов е 1.762 лица. Од почетокот на пандемијата, вкупниот број регистрирани случаи на инфекција со новиот коронавирус к 3.258.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со ковид-19 од почетокот на јуни е 42, а од почетокот на годината 51.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчката полиција ги „чешла“ островите, има приведени и казнети

Објавено пред

Грчката полиција во текот на викендот спроведе обемни патроли за почитување на превентивните епидемиолошки мерки на туристичките дестинации на островите Парос, Миконос, Санторини, во обид да го спречи ширењето на коронавирусот.

На Парос, инспекцијата посети ноќни клубови, од кои еден затвори во следните 15 дена, оти во него имало повеќе гости од дозволениот број. За клубот издадена е и казна од 3.000 евра, а пет лица се уапсени за бучава, пренесува грчката агенција АНА.

На Миконос бил уапсен италијански државјанин, кој организирал забава во куќа каде имало премногу луѓе. Полицијата провери дали девет барови на плажа и 17 барови и клубови се придржуваат кон пропишаните мерки. Две лица биле уапсени на Миконос затоа што немале дозвола да постават лежалки на плажа, а уште шест лица за создавање бучава.

Три лица се приведени на Санторини, исто така за нарушување на јавниот ред и мир, а инспекцијата извршила увид во седум барови и клубови.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија50 минути

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет2 часа

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет3 часа

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет3 часа

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет3 часа

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет4 часа

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет4 часа

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Топ14 часа

Малолетник од Ресен исчезна во Преспанското езеро

Во водите на Преспанското езеро вчера исчезнало 16-годишно момче од Ресен. Во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било...

Регион17 часа

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие. Нов рекорд на новозаболени во Албанија Откако Албанија вчера регистрираше...

Македонија18 часа

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот...

Македонија22 часа

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче. Tој апелира на почитување на...

Македонија24 часа

Регистрирани 166 новозаразени со коронавирус во Македонија, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Помирување ни е потребно повеќе од било кога

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден остана симбол на неспорно изрзената волја за својата држава, заснована врз демократските...

Економија1 ден

Јавниот и државниот долг се зголемени за над 8 проценти во период од три месеци

Јавниот и државниот долг во второто тромесечје се зголемени за над 8 проценти. Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот...

Македонија1 ден

(Видео) Mицкоски го честита Илинден и се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото

Со зборовите од Крушевскиот манифест: „Ура! За ‘Афтономна Македонија’!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа на граѓаните им го...

Топ1 ден

Mладо момче загина во сообраќајна несреќа кај Кратово, повредени се четири лица

Момче на возраст од 22-години почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат од селото Железница кон селото...

Свет1 ден

Во Мелбурн воведен шестнеделен ноќен полициски час

Во австралиската држава Викторија, чијшто главен град е Мелбурн, е прогласена состојба на катастрофа, а властите воведоа ноќен полициски час...

Македонија1 ден

Вино од Македонија најдено во шишиња со хрватски етикети

Инспекцијата на хрватскиот Државен инспекторат во голема акција за борба против трговијата со фалсификувана храна и пијалоци, кај пет хрватски...

Македонија1 ден

Свеченостите за Илинден годинава без масовни собири

Поради пандемијата на Ковид-19, свеченостите по повод државниот празник Илинден, годинава ќе се одржат во посебни услови во согласност со...

Досие