Регион
(Видеo) Големи поплави во Албанија, војската го евакуира населението

Околу 200 приватни куќи во албанската општина Скадар беа поплавени поради обилните врнежи од дожд што паднаа претходните денови, но и од излевањето на реките, а албанската војска евакуираше бројни домаќинства.
Според порталот „Албанија дејли њуз“, бројни куќи во општина Скадар и селото Ливаде останале без струја и вода и биле отсечени од светот, а некои патишта може да се поминат само со чамци.
Општината побара од владата да прогласи вонредна состојба во некои делови од неа.
Ситуацијата е сериозна и во општина Валона, каде што поплавите создадоа сериозен сообраќаен хаос.
Слична е состојбата и во пристаништето Драч, каде што сообраќајот на мали и средни пловни објекти е прекинат, а спорадични поплави се забележани во градот Лушња, каде што нивото на водата достигна 30 сантиметри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ

На 66-годишна возраст, почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, јавуваат хрватските медиуми.
Нему му се слошило доцна синоќа и со Брза помош бил превезен во болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно.
Од Градот Загреб соопштија дека Бандиќ починал како последници на срцев удар.
„Живееше за својот град, за загрепчани и загрепчанки кои за се што работеше му беа на прво место, за работата која со љубов и енергија, внесувајќи се себеси, ја обавуваше 21 година. За деталите, за терминот на погреб, одржувањето на комеморацијаа, како и останатите информации поврзани со оваа тажна вест, јавноста ќе биде информирана дополнителнo. Нека почива во мир“, соопштија од Град Загреб.
Тој во 2003 година доживеал и тежок мозочен удар. Пред три години му бил вграден стент, а во јуни минатата година беше хоспитализиран. Тој исто така имал белодробна емболија и неколку операции, вклучително и операција на гласните жици.
Регион
Уапсен маж кој фрли бомба во Сараево

Полицијата со поддршка на специјалната единица, уапси синоќа маж кој фрли експлозивна направа во населбата Грдоњ, во Сараево.
Нема повредени.
За време на неколкучасовниот претрес, мажот се криел во населбата, а според босанскиот портал „Клих“, повикувајќи се на неофицијални информации, кај него биле пронајдени пушка, пиштол и бомба.
Осомничениот и бил претходно познат на полицијата и се лекувал на Клиниката за неврологија во Сараево.
Засега е непознато зошто ја фрлил бомбата.
Регион
Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“ во институтот Торлак, а утре ќе започне нивната дистрибуција до центрите за вакцинација, изјави министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ
Како што беше соопштено од министерството, Поповиќ утрово телефонски разговарал со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, а во разговорот било потврдено дека „братска Србија останува приоритет во доставувањето на вакцините за Русија “.
„Ова е уште еден доказ дека секогаш можеме да се потпреме на нашите руски браќа и дека, како и многу пати досега во нашата историја, Русија никогаш не ја оставила Србија на цедило“, рече Поповиќ, додавајќи дека оваа испорака е потврда за најдобрите односи на Србија и Русија.
Поповиќ потсети дека Србија се согласи да купи вкупно два милиони вакцини од Русија и оти целата количина на вакцина ќе биде доставена до Србија до крајот на април, се додава во соопштението.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран