Контакт

Регион

Владејачката партија во Албанија покренува импичмент против Мета

Објавено пред

Претседателството на владејачката албанска Социјалистичка партија, чијшто лидер е премиерот Еди Рама, одлучи да покрене постапка за промена на претседателот Илир Мета, откако донесе одлука за одложување на локалните избори.

Портпаролот на албанската влада и министер за сораборка со парламентот, Елиса Спиропали, соопшти дека постапката за импичмент на албанскиот претседател ќе почне в четврток во албанскиот парламент.

Регион

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Објавено пред

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина ја повлекува својата апликација за членство во меѓународната полициска организација, објави порталот „Косово онлајн“.

„Имајќи предвид дека изборите за парламентот беа организирани во Косово на 6 октомври, љубезно ве замолувам нашата апликација за членство да биде одложена до следната седница на Генералното собрание на Интерпол“, се вели во писмото на Харадинај.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, на „Фејсбук“ напиша дека повлекувањето е голема победа за Србија.

„Голема победа на Србија и меѓународното право. Благодарение на работата на делегацијата на Република Србија, апликацијата на т.н. Косово е повлечена непосредно пред почетокот на Генералното собрание на Интерпол во Сантијаго“, напиша тој.

Осумдесет и осмото Генерално собрание на Интерпол се одржува во Чиле до 18 октомври, на кое, според претходните најави, една од точките на агендата требаше да биде барањето на Приштина за прием во организацијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Радонот одговорен за смртта на 90 до180 луѓе годишно во Словенија

Објавено пред

Во Словенија секоја година умираат меѓу 90 и 180 луѓе од изложеност на радон, гас што предизвикува карцином на белите дробови, соопшти денеска словенечката Администрација за заштита од зрачење.

Претставници на Администрацијата соопштија дека најголем број смртни случаи од радон се забележани во југоисточна и централна Словенија, пренесува СТА.

Како што објасни Борис Солобир од Администрацијата, радонот е природен гас кој е дел од секојдневниот живот, а мерките за заштита се многу ретки во Словенија.

Прикажи повеќе...

Регион

Бојко Борисов: Однесувањето на навивачите е неприфатливо

Објавено пред

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, денеска го осуди расистичкото однесување на навивачите на бугарската репрезентација, кои извеле нацистички поздрави и имитирале звуци на мајмун за време на натпреварот со репрезентацијата на Англија.

Борисов рече дека е неприфатливо Бугарија, за која вели дека е најтолерантна земја во светот, населена со луѓе со разно етничко потекло, да биде поврзана со расизам и ксенофобија, пренесува АП.

Тој го повика претседателот на Бугарската фудбалска асоцијација, Борислав Михајлов, да си даде оставка поради лошите резултати на репрезентацијата и додаде дека тој наредил министерот за спорт, Красен Кралев, да ги прекине сите односи со Михајлов сè додека не поднесе оставка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија12 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа14 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион15 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт15 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет16 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет16 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ17 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија18 часа

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија18 часа

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија19 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија20 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија20 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора21 час

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија22 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа22 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион23 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија23 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт1 ден

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија1 ден

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Досие