Контакт

Регион

Во Албанија запленета голема количина на експлозив

Објавено пред

Албанската полиција извести дека запленила голема количина на експлозив, а притоа биле уапсени познати криминалци и бил одземен целиот арсенал на оружје.

Полицијата заплени 4,6 килограми експлозив во Драч и уапси три лица, информираат истражните органи во Албанија.

Од таму дообјаснуваат дека заплената на експлозивот се случила во акција чија цел била спречување на трговијата со оружје и луѓе, а покрај експлозив биле запленети и три гранати, еден калашников, четири мобилни телефони, пет детонатори и едно возило, пренесуваат албанските медиуми.

Се наведува дека еден од уапсените, маж од Тирана, веќе ѝ бил познат на полицијата поради нелегално поседување оружје.

Регион

Словенија утре прогласува крај на епидемијата, но некои мерки ќе останат

Објавено пред

Во Словенија во последните 24 часа регистрирани се 24 инфекции со коронавирус, а сите други индикатори се многу поволни, така што владата нема да ја продолжи состојбата на епидемија, која завршува на 15 јуни.

Од 1.023 ПЦР-теста, потврдени се 24 заразени или 2,3 процента. Седумдневниот просек на инфекции во еден ден падна на 147, а двонеделната инциденца на 100.000 жители падна на 130.

Починале двајца пациенти со Ковид-19, соопшти словенечкото Министерство за здравство.

Од почетокот на епидемијата починале 4.406 лица заразени од коронавирус, во болниците се 134 пациенти, а 26,1 проценти од населението се целосно имунизирани со вакцини, објави Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Владата најави дека по 15 јуни нема да ја продолжува состојбата на епидемија прогласена во вториот бран на 18 октомври, но некои епидемиолошки мерки ќе останат во сила.

Во преодната фаза, додека Словенија не влезе во т.н. зелена фаза според критериумите на Европскиот центар за контрола на болестите (EЦДЦ), што се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули, носењето маска и натаму ќе биде задолжително во затворен простор.

Ограничувањата, како што е бројот на присутни во затворено, остануваат во сила, а услови за присуство на концерти и други настани сè уште ќе бидат негативен тест на коронавирус, прележан Ковид-19 или целосна вакцинација.

Владата го повтори својот апел до оние што сè уште не одлучиле да се вакцинираат да го сторат тоа што е можно побргу бидејќи сега има доволно вакцини, а оваа недела ќе биде организирана и масовна вакцинација.

Прикажи повеќе...

Регион

Милановиќ по барањето за промена на декларацијата на НАТО: Сè беше решено за половина минута

Објавено пред

По заканата од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, конечната декларација на самитот на НАТО во Брисел беше променета.

Милановиќ вчера се закани затоа што во документот не беа споменати Дејтонскиот договор и конститутивноста на трите народи на БиХ.

„Некои земји не сакаат во завршната декларација на самитот на НАТО во Брисел да се споменат Дејтонскиот договор и конститутивноста на трите нации, но Хрватска нема да се согласи на такво нешто“, изјави вчера претседателот Зоран Милановиќ заканувајќи се дека Хрватска ќе ја блокира декларацијата ако во неа не се спомене Дејтонскиот договор.

Заканата на Милановиќ вроди со плод, па НАТО го смени документот.

Денеска за ова се огласи и хрватскиот претседател.

„Генералниот секретар ми се јави вчера околу 15 часот и сè беше решено за половина минута. Тоа е мала работа за овој самит, но за нас е како ‘биг фут’“, изјави Милановиќ од Брисел.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Објавено пред

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со ковид-автобуси и ја истакнаа важноста на високата стапка на вакцинација за туристичката сезона, но и како подготовка за новиот бран на пандемијата наесен.

„Во Хрватска вакцинирани се нешто повеќе од 40 проценти од возрасната популација, но откриен е новиот опасен индиски сој на вирусот, така што нема опуштање“, рече Цапак во местото Стари Градац, од каде што денеска тргна првиот ковид-автобус кон руралните населени места.

Цапак го опиша воведувањето на ковид-автобусите како важен момент со оглед на намалениот интерес за вакцинација.

Со оваа иновативна форма тимовите за вакцинација стигнуваат до куќите на жителите во помалите градови и до луѓето што се двоумат дали треба да се вакцинираат и да патуваат во поголемите градови за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија5 минути

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија42 минути

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар, ниту пак да...

Свет3 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија3 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет3 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет3 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет3 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија18 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет19 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет21 час

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија22 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа22 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија23 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија24 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион1 ден

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија1 ден

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија1 ден

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет1 ден

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија1 ден

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Досие