Регион
Во Белград разбиена мрежа за проституција, уапсени 22 лица

Во полициска акција во Белград вчера биле уапсени 22 лица под сомнение за проституција.
Меѓу уапсените се и пет девојки кои тврдат дека немаат врска со проституција, туку нивната улога била како секретарки да договараат состаноци со клиентите.
Според српски „Блиц“, уапсените биле поделени во две групи за соработка.
Во првата група биле 14 лица на возраст меѓу 61 и 24 години.
Втората, пак, ја сочинувале осум лица на возраст меѓу 45 до 32 години.
Главни организатори на работата на двете групи биле Горан С., инаку белградски полицаец и уште две лица.
Групите биле организирани до таква мера што имале менаџери, oбезбедување што стоело пред становите каде се одвивале оргии, како и детални записи за секоја исплата и ценовник за сите услуги.
Бизнисот го воделе толку долго што неодамна прославиле 15 години успешна работа. Тие ги рекламирале своите услуги во огласи на кои се јавувале заинтересираните клиенти. За да не бидат откриени, работеле под прекари, пишува „Блиц“.
Полицијата запленила и голема сума пари, 176 мобилни телефони, 12 лаптопи, како и документација за работењето што ја чувале членовите. Пронајдена е и помала количина на дрога и муниција, како и четири возила користени во извршените деликти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Косовската полиција: убиени тројца напаѓачи, уапсени пет лица

Косовската полиција соопшти дека во размената на оган загинале тројца напаѓачи, а еден е уапсен.
Дополнително, како што се наведува, уапсени се уште четворица осомничени во атарот на селото Рударе, при што биле пронајдени средства за комуникација кои, како што се тврди, се поврзани со „криминални групи“.
Се додава дека е пронајдено поголемо количество оружје, муниција и разновидна опрема.
Во соопштението се наведува дека безбедносната состојба во атарот на селото Бањска се’ уште е тензична и дека „нападите со огнено оружје врз полициските единици продолжуваат со ист интензитет“, пренесува новинската агенција „Танјуг“.
Регион
Косовска полиција: Еден од напаѓачите е убиен

Косовската полиција денеска соопшти дека, според последните информации, во размената на оган загинал еден од вооружените напаѓачи.
„Одговарајќи на новонастанатата ситуација и околности, косовската полиција затвори за сообраќај два премина на север (Јариње и Брњак) од безбедносни причини и ги повика сите граѓани да ги користат другите сообраќајни точки и да избегнуваат движење во тој регион“, соопшти косовската полиција. .
Како што се наведува во соопштението, состојбата во атарот на селото Бањска се’ уште е тензична, а како што тврди косовската полиција, „криминални групи одвреме-навреме ги напаѓаат полициските единици на терен“.
Косовската полиција наведува дека станува збор за „професионални напаѓачи, маскирани и униформирани во различни униформи, вооружени со тешко оружје, гранати, воени и оклопни возила“ кои користат „разни приватни простори и објекти, вклучително и просторот околу манастирот Бањска, за движење, наоѓање засолниште и позиции за гаѓање на единици на косовската полиција“.
Косовскиот премиер, Албин Курти претходно на социјалните мрежи објави фотографии од напаѓачите и ја обвини Србија.
The murder & violence in the north is being perpetrated by these men—armed & organized professional forces in armored vehicles with no license plates. Let me restate: It is not ordinary Kosova Serb citizens but Serbian-state supported troops perpetrating these terrorist attacks. pic.twitter.com/2ipXu5rgFF
— Albin Kurti (@albinkurti) September 24, 2023
Регион
КФОР: Ја следиме ситуацијата, спремни сме да реагираме доколку има потреба

Мисијата КФОР денеска соопшти дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Бањска, како и дека нејзините војници се присутни во областа и се подготвени да одговорат доколку е потребно.
„КФОР продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Бањска, а војниците се присутни во областа и се подготвени да одговорат доколку е потребно“, се вели во соопштението објавено на мрежата Х, поранешен Твитер.
KFOR continues to closely monitor the situation in Banjska, and KFOR troops are present in the area, standing ready to respond if required. pic.twitter.com/aIiDVOAckU
— NATO Kosovo Force – KFOR (@NATO_KFOR) September 24, 2023