Регион
Во БиХ одобрена руската вакцина против Ковид-19

Агенцијата за лекови на Босна и Херцеговина дозволи употреба на руска вакцина против коронавирус откако утврди дека пробните дози доставени минатата недела ги исполнуваат пропишаните критериуми за квалитет, а вакцинацијата во земјата би можела да почне во наредните денови.
Агенцијата за лекови и медицински помагала на БиХ во соопштението во понеделникот потврди дека го проверила квалитетот на вакцината Гам-КОВИД-Вак и утврдила дека тестираниот примерок одговара на декларацијата за квалитет.
Две илјади дози вакцина „спутник В“ беа доставени во БиХ пред седум дена на барање на Министерството за здравство на Република Српска, бидејќи властите на ентитетот самостојно преговарале со рускиот производител и начелно договориле испорака на 400.000 дози, доволни за вакцинирање на 200.000 луѓе.
Директорот на Институтот за јавно здравје на РС, Бранислав Зељковиќ, откако бил проверен квалитетот на пробниот контингент, рече дека сега очекува вакцината да биде дистрибуирана и вакцинацијата да започне кон крајот на оваа или на почетокот од следната недела.
БиХ претходно нарача 1,23 милиони дози вакцини од западните производители преку механизмот „Ковкас“, но ниту една од нив сè уште не е доставена. Властите во БиХ се надеваат дека ќе ги добијат првите дози од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ до крајот на февруари за да можат конечно да започнат со вакцинирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Разбојници во БиХ украле два и пол тона кафе

Ноќта помеѓу вторникот и средата засега непознати лица ги ограбиле производствениот погон и магацинот на компанијата „Маркафе“ од Кисељак во БиХ носејќи големи количини кафе.
Како што потврдиле од „Маркафе“ за порталот „Кликс“, разбојниците влегле во зградата преку прозорецот од задниот дел, каде што го паркирале комбето на оваа компанија, црвен „ситроен џампер“. Иако носивоста на комбето е 1,5 тон, разбојниците успеале да го натоварат со дури 2,5 тона кафе.
Според сопственикот, разбојниците биле добро информирани, знаеле најдобро место за влез во објектот, а потоа во канцеларијата ги барале клучевите.
Регион
И покрај масовната вакцинација во Србија, расте бројот на заразени

И покрај новите дози вакцини и сè поголемиот број вакцинирани, експертите во Србија предупредуваат на зголемување на бројот на заразени, а кризниот штаб денеска треба до го разгледа работното време на кафулињата и рестораните не исклучувајќи ја можноста за заострување на мерките.
Во понеделникот имало речиси 3.000 заразени, а во вторникот тој број бил 3.257, со 15 смртни случаи. Според најновите резултати, денеска се забележани 3.460 новозаразени и 17 починати. Во последните 24 часа биле направени 15.200 теста.
Според „Нова.рс“, првата доза на вакцината ја примиле 813.266 граѓани на Србија, а втората доза ја примиле 462.578.
Од почетокот на епидемијата во Србија се забележани 4.366 смртни случаи како последица на Ковид-19. На респиратори се 157 лица, а во болниците има 3.727 ковид-пациенти. Од почетокот на епидемијата официјално се потврдени 442.853 случаи на инфекција.
Државниот секретар во српското Министерство за здравство најави заострување на мерките.
„Мора да обрнеме внимание и што побргу да го запреме влошувањето на ситуацијата“, рече Мирсад Џерлек.
Тој, сепак, забележува дека воведувањето полициски час не доаѓа предвид. Мерките што треба да се засилат се оние што се однесуваат на работното време на продавниците и кафулињата.
Регион
Грција: Нема укинување на мерките од 1 март поради зголемениот број на заразени од Ковид-19

Грчките власти соопштија дека нема да можат да ги укинат ограничувачките мерки во пошироката област на Атина од 1 март, како што првично беше планирано, поради зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, изјави денеска премиерот.
Воведени се строги антиепидемиски мерки во поширокото подрачје на Атина, каде што живее половина од населението во Грција, и тие треба да траат до 28 февруари, пренесува „Ројтерс“.
Властите соопштија дека 22 пациенти починале од Ковид-19 во изминатите 24 часа, а заразата со коронавирус била потврдена кај 2.147 лица, од кои околу половина живееле во пошироката област на Атина.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер