Контакт

Регион

Во БиХ повеќе од 1.700 новозаразени, 49 починати

Објавено пред

Нешто повеќе од 1.700 случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во БиХ, а 49 заболени лица починале во изминатите 24 часа, објавија здравствените власти.

Од средата биле анализирани над пет илјади примероци, а инфекција била потврдена кај 1.120 лица од Федерацијата БиХ и кај 516 од Република Српска.

Други 92 заразени лица се од областа Брчко, каде што починаа две лица. Во Федерацијата БиХ починаа 21 заразено лице, а во РС – 26, од кои осум само во Бања Лука.

Поради големиот прилив на пациенти во Клиничкиот центар во Бања Лука, од таму се принудени да прифатат помош од студенти на медицина. Речиси шеесет од нив се пријавиле да волонтираат.

„Во моментот секоја помош е добредојдена имајќи предвид дека имаме повеќе од 450 ковид-пациенти што лежат во УКЦ, повеќе од 50 пациенти на респоратори и речиси 200 пациенти на кислородна поддршка“, изјави пред новинарите Владо Џајиќ, директор на Клиничкиот центар.

Сараево е град со најголем број новозаразени затоа што имало 130 нови случаи, а на второ место е Биелина во североисточниот дел на земјата со 101 новозаразен.

Од почетокот на епидемијата во март повеќе од 68.000 луѓе се заразиле во земјата, а регистрирани се 1.750 смртни случаи.

Регион

Црна Гора нема контрола над коронавирусот

Објавено пред

Епидемиологот Милена Поповиќ-Самарџиќ изјави дека Црна Гора веќе подолго време нема контрола над епидемијата на коронавирус.

За ова, како што вели, сведочат податоците од примарната здравствена заштита дека се повеќе пациенти со пневмонија се лекуваат дома.

Поповиќ-Самарџиќ во утринската програма на ТВЦГ посочи дека тоа е добар показател за тоа колку сè е надвор од контрола.

„Тие луѓе се преморени, до неодамна имаше 12 лекари кои десет дена се грижеа за 5.500 заразени лица во Подгорица“, изјави таа.

Говорејќи за заострување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот, таа рече дека тие треба да се воведат, а јазот меѓу НКТ и Институтот за јавно здравје е, вели таа, пример за јазот меѓу политиката и професијата, па затоа треба да се избере дали ќе се водат од политиката и интересите на одредени структури, или ќе се водат од јавниот здравствен проблем и мислењето на стручната јавност.

„Како последица на тоа, имаме такви резултати, талкаме меѓу приоритетите на една структура, потоа друга структура, препуштајќи се на една, па друга структура. Постојано ја санираме штетата заради лутање во стратегијата”, истакна Поповиќ-Самарџиќ, објави порталот РТЦГ.

Прикажи повеќе...

Регион

Затворен Евзони поради штрајк на грчките цариници

Објавено пред

Поради штрајк на грчките цариници утре ќе биде затворен граничниот премин Евзони.

„ Денеска раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24 часовен штрајк на грчките царински служби, ГП Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05,00 часот на 24.11.2020 до 05,00 часот на 25.11.2020 година“ соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија сè поблиску до заклучување – над 5.000 заразени и 38 починати во еден ден

Објавено пред

Во последните 24 часа, во Србија 15.061 лице биле тестирани за коронавирус, од кои 5.067 биле позитивни, а 38 лица починале поради компликации, што според тамошните медиуми, е рекорден број на смртни случаи во еден ден.

Во здравствените установи низ Србија има 216 пациенти на респиратори. Вчера во Србија имаше рекорден број на новозаболени лица, 6.254.

Денеска се состана и Кризниот штаб за вонредни состојби на Белград и донесе одлуки кои главно се однесуваат на градскиот превоз. Одлучено е да има повеќе автобуси во оптек со цел да се намали метежот во јавниот превоз.

Што се однесува до наставата преку интернет, членот на Кризниот штаб Срѓа Јанковиќ утрово изјави дека засега не е време училиштата во Србија да преминат на онлајн настава.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Србија е сè поблиску до затворање, иако со подобро придржување кон мерката за носење маски, властите велат дека државата би ја избегнала ситуацијата за воведување на построги ограничувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет53 минути

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија1 час

Активни 20.687 случаи на коронавирус во Македонија, речиси половина се во Скопје

Во моментот како активно заразени со коронавирус се водат 20.687 лица, од кои 9.837 се од Скопје. Во Тетово активни се...

Македонија1 час

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет2 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да започне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да започне со преземањето на власта....

Свет15 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет16 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија17 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија20 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион21 час

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа21 час

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија22 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион22 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија23 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа23 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет1 ден

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет1 ден

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Досие