Контакт

Регион

Во Грција почнува 24-часовен штрајк, синдикатите бараат зголемување на платите

Објавено пред

Во Грција денеска почнува 24-часовен штрајк, а синдикатите ќе бараат зголемување на платите на неколкуте планирани протести во градовите низ земјата, пишува Катимерини.

Се очекува штрајкот да влијае на владините операции, училиштата, болниците и јавниот транспорт, вклучувајќи ги железничките услуги и островските фериботи.

Лидерите на синдикатот ја обвинија владата на премиерот Киријакос Мицотакис дека не го решила проблемот со инфлацијата и зголемените трошоци за живот.

„Трошоците за живот се многу високи и нашите плати се на пониско ниво, додека високите трошоци за домување ги ставија младите во трагична положба“, рече Јанис Панагопулос, водач на главниот синдикат на приватниот сектор, ГСЕЕ.

Како и другите работнички групи, ГСЕЕ ја обвини владата дека „одбила да преземе какви било значајни мерки што ќе им обезбедат на работниците достоинствени услови за живот“, пишува „Гардијан“.

Минималната плата во Грција е 900 евра, додека цените на мало, телекомуникациите и енергијата во земјата се меѓу највисоките во Европа, а левичарската опозиција тврди дека граѓаните плаќаат „британски цени за бугарските плати“.

Митотакис неодамна вети дека ќе ја зголеми минималната плата на 950 евра, но имајќи предвид дека и трошоците за домување се во пораст, критичарите тврдат дека тоа не е доволно, пренесува Танјуг.

Во исто време, агенциите за кредитен рејтинг ја пофалија владата на Мицотакис за фискалните реформи кои доведоа до враќање на статусот на земјата на инвестициска оценка, додека Грција, исто така, ги надмина другите земји-членки на ЕУ во однос на економскиот раст.

Грција забележа една од највисоките стапки на раст во Европа, а ММФ предвидува дека економијата на земјата ќе порасне за 2,3 отсто во 2024 година, додека невработеноста е намалена од 30 на 8,3 отсто.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет25 минути

Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО предизвикал длабоки кризи во земјите во кои интервенирал, оценувајќи дека...

Регион38 минути

Во Љубљана тестираат трамвај без шини, чини повеќе од два милиони евра

На улиците на Љубљана започна тестирањето на ново возило кое градските власти го нарекуваат батериски трамвај. Возилото, кое се движи...

Македонија45 минути

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија47 минути

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава1 час

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт2 часа

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион2 часа

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија2 часа

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија2 часа

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...