Регион
Во Загреб почнува масовна вакцинација

Во Загреб денеска почнува масовна вакцинација против коронавирус на лица постари од 65 години.
Тимовите за вакцинација на располагање требало да имаат 16.000 дози, но раководителот на Институтот „Андрија Штампар“, Звонимир Шостар, утрово изјави дека најавените 4.000 дози на „Модерна“ сè уште не се пристигнати.
Први ќе се вакцинирааат лицата над 65 години и хронично болните лица. Најголемиот број од овие 16.000 дози во текот на оваа недела, всушност, ќе ги примаат лица постари од 80 години.
Во градот треба да има 19 пунктови за вакцинација, но некои ќе почнат да работат утре.
„Започнува масовна вакцинација, што значи дека 19 специјално назначени локации во рамките на здравствениот систем ќе ги прифаќаат оние пациенти чии матични лекари не успеваат да ги вакцинираат во текот на работното време“, изјави за N1 Мирослав Ханчевачки, директор на Здравствениот дом Загреб – Запад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Нов силен земјотрес во Грција

Нов силен земјотрес вечерва бил почувствуван во Грција.
Според податоците на Европскиот-медитерански сизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 30 километри од градот Лариса.
По него следувале и неколку послаби поотреси.
Силен земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција утрово, а истиот беше почувствуван и на територијата на нашата земја.
Во тој земјотрес имало повеќе повредени, пренесоа грчките медиуми.
Регион
Министерка oд БиХ порача дека вакцината на „Астразенека“ е за сиромашни, компанијата размислува за тужба

„Астразенека“ размислува да ја тужи БиХ во врска со изјавата на министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ, која рече дека вакцината од оваа компанија е за сиромашни, со послаб квалитет и евтина.
Како што пренесува сараевски „Аваз“, Алмир Бадњевиќ, директор на „Верлаб“, изјавил дека, според неговите информации, раководството на „Астразенека“ размислува за тужба против БиХ поради изјавата на министерката дадена на денот кога српскиот претседател Александар Вучиќ донираше 5.000 дози од вакцината на „Астразенека“ против коронавирус.
Турковиќ рече дека вакцината на „Астразенека“ е со лош квалитет. Потоа продолжи да омаловажува, тврдејќи дека вакцината не е одобрена за земјите од ЕУ и дека е наменета за сиромашни земји, а исто така додаде дека истата се произведува во Индија. Таа порача и дека вакцината е лесно достапна на пазарот и дека БиХ можела и самостојно да ја набави.
Изјавата наиде на огромен број коментари на социјалните мрежи во БиХ, кои во голем дел ја осудија изјавата на министерката, воедно прашувајќи ја зошто ако вакцината е толку лесно достапна, не била веќе набавена.
Регион
Словенија се подготвува за масовна имунизација во март и покрај недостигот на вакцини

Словенија ќе овозможи масовна вакцинација против Kовид-19 во март, изјави денеска во Љубљана координаторот на владата за вакцинација, Јелко Кацин, и најави дека утре пристигнуваат уште 24.000 дози од вакцината на „Астра зенека“.
Тој изјави дека Словенија има уште 15.000 дози во резерва и дека покрај утрешната испорака, очекува уште 40.000 дози на почетокот на следната недела.
„Ние сме организирани така што можеме да вакцинираме од 500.000 до 600.000 луѓе месечно, што значи околу 30.000 секој работен ден“, рече Кацин.
Сепак, „Хина“ објави дека, поради недостиг на вакцини, околу 240.000 граѓани ќе може да се имунизираат во март.
Следната недела, според владиниот план, наставниците и воспитувачите во училиштата и градинките ќе бидат вакцинирани, што е приоритет со оглед на претстојното отворање на средните училишта.
Кацин оцени дека вакцината на „Астра зенека“, која ќе пристигне во поголеми количини, е многу ефикасна и безбедна и дека граѓаните се заштитени од болеста девет месеци по примањето на втората доза.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер