Контакт

Регион

Во изолација 12 членови на криминални банди во Црна Гора

Објавено пред

Националното координативно тело за заразни болести, со согласност на Агенцијата за заштита на личните податоци на Црна Гора, почна со објавување на имињата на лицата на кои им се издадени решенија за задолжителна самоизолација, а на оваа листа се и лица од интерес.

Според весникот „Дан“, станува збор за 12 лица кои се познати на полицијата и кои се занимаваат со нелегални работи главно на територијата на Црна Гора.

Наводно, на списокот на Националното координативно тело за заразни болести имало и членови на криминални кланови од Бар, Херцег Нови и Подгорица, а дел од нив со месеци не престојувале на територијата на нивната градска општина, па затоа сега подлежат на пропишаната постапка.

Инаку, откако вирусот Ковид-19 се појави на територијата на Црна Гора, надлежните не регистрирале извршување на сериозни кривични дела каде што како сторители се јавуваат припадници на криминалните кланови.

Од полицијата за „Дан“, претходно истакнаа дека црногорската полиција ја следи безбедносната состојба под новите околности и продолжува да презема проактивно дејствување против членовите на групите на организиран криминал.

Регион

Прв смртен случај од коронавирус во српската влада – почина државeн секретар

Објавено пред

Српските медиуми јавуваат за првиот смртен случај од коронавирус во српската влада – починал државниот секретар.

Државниот секретар во Министерството за животна средина, Бранислав Блашиќ, починал од коронавирусот, јавува B92.net повикувајќи се на неофицијални извори.

Бранислав Блашиќ е роден на денешен ден 1957 година во Кикинда. Тој беше основач на Српската напредна партија и член на претседателството.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 900 заразени, во големата сала во Белград има и 10-годишно дете

Објавено пред

Бројот на заразени од Ковид-19 во Србија се искачи на 900 лица, информираа здравствените власти.

Досега 23 лица починале од коронавирусот во соседната земја, а дури 155 новозаразени се потврдени вчера.

Некои од пациентите се веќе сместени во големата сала на белградскиот саем, која досега служеше за организирање големи спортски и музички настани. Како што пренесува „Блиц“, во салата е сместен и 10-годишен пациент, кој не сакал да биде одвоен од мајка си.

Деновиве во Србија кружат лажни СМС-пораки, кои најавуваат 24-часовен полициски час, но властите веќе предупредија дека ќе ги санкционираат оние што шират паника.

Промени има и во работното време на продавниците за храна во Србија. Во работните денови тие се отворени до 15 часот, а за време на викендите до 13 часот.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Ѓуриќ: Курти не ги укина таксите, туку воведе нови казнени мерки

Објавено пред

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти не ги укинал таксите на производите од централна Србија и дека народот не треба да наседнува на лажни вести, пренесува „Танјуг“.

„Косовскиот премиер најави, да бидеме сосем прецизни, само орочена суспензија на таксите, и тоа условно, а истовремено воведува нови казнени мерки за нашите граѓани и стопанството, кои ги нарекува реципроцитет“, нагласи Ѓуриќ.

Со ова, истакна тој, ситуацијата нè деескалира и нè враќа до состојбата пред воведувањето на антицивилизациските такси на производите од централна Србија, туку на перфиден начин се воведуваат досега непостојни бариери за трговијата и за движењето на луѓето и стоките.

Ѓуриќ наведе дека Приштина продолжува да си поигрува со ова прашњње и со економската перспектива на Косово и нагласува дека оваа одлука е претстава наменета за меѓународната заедница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нов смртен случај од коронавирус во земјава, на вирусот позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија2 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет2 часа

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот „Ишгл“ во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет3 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија3 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија3 часа

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет4 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа5 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа5 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет6 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет6 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион6 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет6 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија7 часа

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на...

Регион18 часа

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија21 час

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија22 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија22 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија23 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Досие