Контакт

Регион

Во Сплит уапсен лидер на наркобанда со повеќе од 4 и пол килограми хероин

Објавено пред

Еден од шефовите на наркоподземјето во пошироката област на Сплит уапсен е од страна на полицијата кога во станот во кој престојувал 29-годишникот биле откриени повеќе од четири и пол килограми хероин.

Тој со месеци бил следен од полициски службеници, а при претресот покрај хероин, инспекторите пронашле и околу 2 и пол килограми други дроги кои, заедно со хероинот, при улична продажба би можеле да достигнат вредност од околу 400 илјади евра, пренесоа хрватските медиуми.

Во врска со оваа голема заплена и апсење, сплитско-далматинската полиција одржа вонредна прес-конференција, на која беше соопштено дека 29-годишникот бил следен повеќе месеци бидејќи и претходно бил познат по злоупотреба на дрога.

Шефот на криминалистичката полиција, Анте Матковиќ, истакна дека уапсениот е еден од лидерите на организираниот криминал, кога станува збор за злоупотреба на дрога во пошироката сплитска област.

„Со оглед на количината и сè што е пронајдено, очигледно е дека дрогата била наменета за препродажба, дека лицето било вооружено, а истрагата оди понатаму со цел да се утврди неговата поврзаност со други лица“, рече Матковиќ.

Во изнајмениот стан што го користел уапсениот, полицијата пронашла четири килограми и 650 грама хероин, 625 грама кокаин, килограм и 840 грама марихуана, 133 таблети екстази, 54 грама амфетамин, три дигитални ваги, прибор и опрема за пакување дрога, два пиштола „глок“, како и 135 парчиња муниција, соопшти полицијата.

 

Регион

Забрането капење на плажа во Дубровник поради квалитетот на водата

Објавено пред

Инспекторатот за заштита на животната средина го забрани капењето на плажата Доње Чело на островот Колочеп во близина на Дубровник, поради незадоволителни микробиолошки параметри, според Index.hr.

Вчера инспекцијата изврши инспекциски надзор во Дубровник по повод пријавувањето и доставените извештаи од Институтот за јавно здравје на Дубровско-неретванската жупанија за дополнително испитување на таа плажа.

По анализата, на приодот кон плажата беше официјално објавено дека капењето е забрането.

Ова е веќе трета плажа во Дубровник, која е затворена во  оваа туристичка сезона поради загадување со фекални води.

Прикажи повеќе...

Регион

Хан следната недела ќе ја испитува политичката ситуација во регионов

Објавено пред

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, следната недела ќе го посети Белград.

За време на посетата на 25 и 26 јули, Хан со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ќе разговара за реформските процеси во Србија и за регионални прашања.

„Комесарот Хан во Белград ќе се состане со претседателот и премиерката на Србија, со кои ќе разговара околу реформите што ги спроведува Србија на патот кон ЕУ, како и за регионалните прашања“, изјавил портпаролот на ЕУ за агенцијата „Танјуг“.

Во Европската комисија додавааат дека комесарот Хан во Белград ќе допатува директно од Скопје, каде ќе се состане со претставници на властите и опозицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсен маж поради лажна дојава за бомба на белградскиот аеродром

Објавено пред

Припадниците на МУП, по контрадиверзискиот преглед, открија дека е лажна дојавата за бомба поставена во авионот кој требаше да полета од Белград за Франкфурт, беше потврдено во МУП.

Во текот на истрагата, полицијата по налог на Третото основно јавно обвинителство го идентификува и уапси Жељко С. (58), поради сомневање дека телефонски јавил дека има бомба во авионот, односно дека сторил кривично дело за предизвикување паника и неред.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет1 час

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зошто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж кој е осомничен дека го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт2 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија12 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет13 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет15 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ18 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион19 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија20 часа

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија23 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет23 часа

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија2 дена

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа2 дена

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Досие