Регион
Во Србија над 600.000 граѓани примиле по две дози од вакцината против коронавирус

Во Србија досега се извршени вкупно 1.704.790 вакцинации, а 623.424 граѓани примиле по две дози од вакцината, објави РТС.
Србија е прва во регионот според бројот на вакцинирани на милион жители, но и според бројот на примени две дози на милион жители.
Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е на седмото место во светот – по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Малдивите и второ место во Европа, по Велика Британија.
Според бројот на оние кои примиле втора доза на вакцина на милион жители, Србија е прва во Европа и шестото место во светот, по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Априлскиот снег направи хаос во Хрватска, затворени патиштата до Далмација

Хрватска повторно е зафатена од снежна бура, поради што беа затворени сите патишта за камиони со приколки и трактори од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.
Како што јавуваат тамошните медиуми, поради орканот, сообраќајот на Јадранската магистрала беше затворен за сите возила, и тоа на потегот помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена.
За денес е најавен метеоролошки аларм за цела Хрватска, освен за истокот на земјата.
Жолт метеоролошки аларм е прогласен за поголем дел од земјата поради ветер, дожд, грмежи, а во централна Хрватска и на северот на земјата поради снег и мраз.
Издадено е портокалово предупредување за регионот на Риека и Кварнер, каде се очекува невреме со налети до 145 км на час.
Прогласено е највисоко, црвено ниво на предупредување за областа под Велебит каде се можни налети на бура до 150 км на час.
Ова е втор априлски снег кој создаде хаос во сообраќајот Хрватска.
Регион
Бразилскиот сој е многу пострашен и најверојатно веќе е во Србија сметаат надлежните

Татјана Аџиќ Вукичевиќ, директор на болницаta во Батајница, во изјава за државната телевизија рече дека постојат индиции дека бразилскиот вид на коронавирус се појавил во Србија a дека британскиот вид е сè уште најприсутен меѓу пациентите.
Таа предупреди дека секој нов вид e пострашен и кога станува збор за преносливоста и кога станува збор за смртноста.
Директорката апелираше до граѓаните да се вакцинираат.
„Постојат индиции дека бразилски вид на коронавирус се појавил во Србија“, предупреди таа, додавајќи дека секој нов вид на корнавирусот е се поопасен, и во однос на преносливоста и во однос на морталитетот.
Вчера медиумите во регионот пишуваа за опасен вирус кој пристигнал во Европа и и се заканува и на Србија.
Сепак, според Аџиќ, се чини дека постои индикација дека тој веќе е во Србија, пренесуваат агенциите.
За потсетување, досега се откриени 92 варијанти на коронавирус во Бразил, а најопасен е П.1, попознат како бразилски вид, кој е далеку позаразен од класичниот вирус и со зголемена смртност од 1.000 на 4.000 луѓе на ден во таа земја.
Медиумите наведуваат дека вакцините на компаниите „Астра зенека“ и „Фајзер-Бионтек“ произведуваат антитела против овој вид во лабораториски услови, но дека вакцинираните лица исто така можат да бидат нападнати од вирусот и да имаат поблаг тек на болеста, па затоа може да се каже дека овие вакцини се ефикасни, но дека сè уште нема сигурен одговор.
Регион
Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со т.н. завршување на планот за мирно распаѓање на БиХ може да доведе до нова војна на Балканот.
„Овие денови бев преплавена со повици и многубројни загрижени пораки од БиХ, кои предупредуваат дека премиерот Јанша се обидува да го заврши планот Милошевиќ – Туѓман за формирање голема Србија и Хрватска, со предлог за мирно распаѓање на БиХ. Таквото неодговорно однесување би можело да доведе до нова војна на Балканот“, напиша Фајон на „Твитер“.
Таа побара од Јанша да објасни што има во документот што Словенија треба да му го достави на претседателот на Европскиот совет.
„Ако медиумските извештаи од БиХ и изјавите на дипломатите во регионот се точни, тоа може да биде многу штетно за Словенија“, напиша Фајон.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш