Регион
Во Србија продадени две девојчиња за 600 евра кои биле сексуално експлоатирани
Пред Високиот суд во Врање во тек e судење за трговија со луѓе, односно продажба на две девојчиња на трети лица, потврдено е од Вишото јавно обвинителство.
Според нив, на 8 мај годинава беа обвинети Севгуљ Суљејмани од Гњилане и Агрон Бајрами од околината на Бор, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „трговија со луѓе“.
Во декември 2017 година тие ги завеле малолетните Т. Ѓ. од Владичин Хан и Н. Г. од Бујановац, кои биле врбувани за време на нивниот престој во Бујановац.
„Обвинетите сексуално ги експлоатирале оштетените во Гњилане, кои парите заработени од сексуалните услуги морале да им ги даваат на обвинетите. Обвинетите, исто така, малолетната Т. Ѓ. ја продале за 600 евра во Гњилане“, според ВЈТ во Врање.
Обвинетите добиле притвор, а судењето во овој случај сè уште е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во БиХ
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Мостар.
Засега не се знае дали е причинета материјална штета.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.
Регион
Работник за одржување базен уапсен поради смртта на момче на Златибор
Полицијата му одредила притвор до 48 часа на одговорниот за одржување на базенот на Златибор, каде што се удави момче (6).
Како што соопштија за „Танјуг“ во Основното јавно обвинителство во Ужице, уапсениот се сомничи за сторено тешко кривично дело против општата безбедност.
Шестгодишно момче на 1 октомври се удави во базен на хотел на Златибор.
На телото на момчето е наредена обдукција.