Регион
Во Србија 1.739 новозаболени од коронавирус, 18 лица починале

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.739 новозаболени од коронавирус, а 18 лица починале.
Тестирани се 10.471 лице, со што вкупниот број достигна 2.627.944.
Вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус е 397.002, починале 4.038 заболени.
Во Србија досега се вакцинирани 450.000 луѓе, а за имунизација се пријавени 850.000 лица.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека за да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинираат околу 1,5 милион луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мицотакис: Целта е во 2021 година да достигнеме 50 проценти од туризмот во 2019 година

Во разговор за германски „Ѕидојче цајтунг“, премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, изрази очекувања дека туристичката сезона во 2021 година ќе биде многу подобра од минатата година и дека се надева дека до мај сите граѓани над 60 години, како и оние со придружни болести ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, пренесува АНА.
„Нашата цел е да достигнеме најмалку 50 проценти од нивото во 2019 година“, истакна грчкиот премиер за време на интервјуто, наведува агенцијата.
АНА пренесува дека Мицотакис изразил уверување за германските весници дека кампањата за имунизација во Грција, наречена операција „Слобода“, ќе обезбеди сите граѓани на возраст над 60 години, како и сите со основни болести да бидат вакцинирани до мај.
„Ѕидојче цајтунг“ оцени дека грчкиот премиер се обидува да го олесни патувањето во Европската Унија и особено ја истакна иницијативата на Мицотакис за воведување на стандарден сертификат за вакцинација за патувања во рамките на ЕУ, според агенцијата.
Регион
СЗО и Европската комисија работат на донацијата на вакцини за Балканот

Светската здравствена организација работи со Европската комисија за координирање на донациите на вакцини против коронавирус за другите земји на континентот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
На прашање за дозите за земјите на Балканот, Клуге на прес-конференцијата рече: „Ние тесно соработуваме со Европската комисија на сите нивоа, по прашањето на донациите“, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дека Австрија ќе ги координира тие донации.
Регион
Наркобос убиен во центарот на Тирана

Утрово во центарот на Тирана бил убиен 66-годишен маж, за кого тамошните медиуми пишуваат дека бил познат наркобос.
Тој бил убиен со огнено оружје со придушувач, а како што пренесува „ABC Albania“, станува збор за Бехар Суло Софија, кој ѝ е добро познат на полицијата по своите криминални активности.
Тој пред неколку години бил уапсен за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија, a бил инволвиран и во инцидент во Драч во 2009 година, во кој биле убиени четворица полицајци.
Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.
Истрагата е во тек, а полицијата ги разгледува камерите за надзор поставени во областа каде што се случило убиството.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер