Контакт

Регион

Во Србија 2.932 новозаболени од коронавирус, 48 починати

Објавено пред

Според официјалните податоци, во последните 24 часа во Србија починале 48 лица како резултат на болести предизвикани од коронавирус. Регистрирани се уште 2.932 случаи на инфекција, од 12.897 тестирани примероци.

Во болниците низ целата земја има 8.765 пациенти, а 271 пациент се приклучени на апарати за дишење, објавено е на веб-страницата covid19.rs.

Од појавувањето на првиот случај на Ковид-19 во Србија, починале 3.211 лица, со стапка на смртност од 0,95 проценти. Досега се тестирани 2.296.303 примероци, а инфекцијата е потврдена кај 337.923 лица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Црна Гора одбила донација од 10.000 кинески вакцини

Објавено пред

Црногорската влада одбила донација од 10.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а опозицијата ја нарече владината одлука политички мотивирана.

Во Црна Гора сè уште не е почната вакцинација против коронавирусот.

Владата, како што беше соопштено, ја одбила донацијата затоа што веќе било договорено секоја набавка на вакцини да минува преку директен контакт со производителите, односно со земјите од каде што доаѓаат вакцините.

„Секој друг вид набавка на вакцина или донација или кој било друг вид снабдување бара дополнителна проверка, односно посебна претпазливост“, рече министерката за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.

Инаку, како што пренесуваат регионалните медиуми, донацијата била понудена од сопственикот на „Адријатик пропертис“ и Универзал капитал банк, Петрос Статис.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 23 починати и 448 новозаболени од Ковид-19

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 23 смртни случаи и 448 новозаразени со коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов има 2.510 активни случаи, меѓу кои 1.491 пациент се во болница, од кои 139 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата во февруари минатата година, во Хрватска се евидентирани вкупно 229.502 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 4.882 починале, а вкупно закрепнале 222.110 лица, од кои 434 во последните 24 часа.

Во моментов има 14.793 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.162.664 лица, од кои 6.208 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Пристигнаа уште 10.000 вакцини во Србија

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека утрово во Србија пристигнале уште 10.000 вакцини против коронавирус, додавајќи дека борбата за вакцините продолжува и дека светот денес е како Титаник, каде што „богатите се обидувајќи се да обезбедат чамци само за себе”.

„Сакам да ве известам дека примивме уште 10.000 нови вакцини утрово“, рече Вучиќ во видеообјавата на својот инстаграм-профил. Тој изјави дека борбата за секоја вакцина продолжува, со многу состаноци и тешки разговори.

„Ние сме жилав народ, ќе се бориме за опстанок, ќе се бориме за животот на Србија и ќе успееме во тоа. Ќе успееме и ќе победиме заедно“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија не прецизираше за кои вакцини станува збор, ниту од каде се набавени.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа16 минути

Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешно-политички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот...

Свет36 минути

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти. Британските медиуми пренесуваат...

Свет45 минути

Бајден и Путин договорија продолжување на договорот за нуклеарното оружје

Претседателот на САД, Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин договорија продолжување на договорот околу контролата на оружјето. Тие во...

Македонија60 минути

Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7.44 часот во подрачјето на Гостивар. Според...

Свет12 часа

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија16 часа

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ17 часа

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа17 часа

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија20 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет20 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа20 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа21 час

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија21 час

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија22 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа22 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа23 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија23 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија1 ден

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија1 ден

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа1 ден

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Досие