Регион
Во Хрватска откриен бразилскиот вид коронавирус

Научниот тим на лабораторијата за напредна геномика на Институтот „Руѓер Бошковиќ“ идентификува присуство на мутација на бразилскиот вид коронавирус во Хрватска.
Од вкупно 50 анализирани примероци, во еден примерок е потврдена мутација во шилестиот протеин во позицијата E484K, кој е утврден во бразилскиот вид коронавирус, односно варијантата Б.1.1.28, објави Институтот „Руѓер Бошковиќ“.
Во текот на декември 2020 година и јануари и февруари 2021 година собрани се примероци од три хрватски града – Загреб, Чаковец и Осиек, а бразилскиот сој беше потврден на примерок од Загреб.
Покрај бразилскиот сој, во анализираните примероци не е потврдено присуството на мутација во шилестиот протеин на позицијата N501Y, односно присуството на т.н. британски вид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Брнабиќ: Луѓето се опуштија и мислат дека е готово, апелираме до сите да станат сериозни

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, посочи дека луѓето се опуштиле и дека тоа може да се забележи според бројот на заразени. Таа додаде дека Србија продолжува со вакцинацијата и е прва по бројот на лица што примиле по две дози.
„Опуштени сме. Она што се случува се случува и во Израел. Луѓето се опуштија и мислат дека е готово. Апелираме до сите да станат сериозни и да вложат последни напори за да бидат безбедни“, рече Брнабиќ.
Таа исто така посочи дека мерките за викенд се заострени како потсетник на граѓаните дека треба да станат сериозни.
Во Србија во последните два дена се потврдени по повеќе од 3.000 нови случаи на коронавирус.
Регион
Во Србија 3.339 нови случаи на коронавирус, 16 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.339 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починале.
Тестирани се 14.128 лица. Во болница има 3.876 пациенти, од кои 159 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени 453.240 случаи на коронавирус, а починале 4.414 лица.
Стапката на смртност е 0,97 проценти. Досега се тестирани 2.917.578 лица, пренесува „Танјуг“.
Регион
Јанша: Апсурдни се обвинувањата дека ja загрозуваме слободата на медиумите

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја повика Европската комисија да испрати работна група во неговата земја за да ја утврди вистинската состојба во Словенија во областа на демократијата и владеењето на правото, независноста на судството, слободата и медиумскиот плурализам и да се увери дека обвинувањата против неговата владата се апсурдни.
Тој во писмото до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, напиша дека групата на тој начин ќе има увид во државата на демократијата, владеењето на правото и медиумскиот плурализам, нагласувајќи дека Словенија има проблеми со оние делови од демократијата што се поврзани со недовршената транзиција во Словенија, пренесува порталот 24УР.
Јанша се одлучи за писмото откако постапките на неговата влада беа критикувани од повеќе меѓународни организации, но и откако вербално се судри со новинарка од порталот Политико, која пишуваше за позицијата на новинарите во Словенија.
Во писмото Јанша наведува дека слична ситуација се случила пред 2008 година, кога Словенија за првпат претседаваше со Советот на ЕУ и кога 571 словенечки новинар и уредник и пишаа на ЕУ, наведувајќи дека претседателството на Словенија претставува опасност за Унијата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер