Контакт

Регион

Во Хрватска потврдени 204 новозаразени со коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 204 новозаразени со коронавирус, со што бројот на активни случаи во земјата во моментов изнесува 2.529 лица.

Меѓу нив, 303 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 23 се на апарати за дишење.

За едно деноноќие починаа уште две лица, со што досега потврдени се 203 смртни случаи поради вирусот.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 12.285 лица заразени со новиот коронавирус, а 9.553 оздравеле.

Во моментов 8.608 лица се наоѓаат во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 196.966 лица, од кои 3.813 во последните 24 часа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грчкиот премиер подготвен да воведе нови ограничувања против Ковид-19

Објавено пред

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, вели дека властите се подготвени да воведат нови ограничувања во Атина и околината поради растот на бројот на новоинфицирани од коронавирус.

Мицотакис на видеоконференција со министрите изјави дека владата, со цел да го потисне ширењето на коронавирусот, е подготвена да воведе дополнителни мерки во регионот на Атика, чиј главен град е Атина, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот рече дека здравствените експерти предложиле воведување дополнителни ограничувања на јавни собири, забрана за одржување културни настани во следните две недели и други мерки.

Владата во текот на денешниот ден може да донесе одлука за овие мерки, кои може да стапат во сила в понеделник, рече Мицотакис.

Зголемувањето на бројот на заболени во последните неколку месеци ги принуди властите постепено да воведат мерки за заштита од коронавирусот, како што е задолжителното носење маски во сите затворени простори.

Вчера, во Грција имаше 359 нови случаи на инфекција, а повеќе од половината беа потврдени во регионот Атика, каде што живее третина од вкупното население.

Во Грција од почетокот на пандемијата на короната досега се заразени 14.400 лица, а 325 починаа.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија ги заострува мерките поради рекордниот број новозаболени од Ковид-19

Објавено пред

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 137 нови случаи на инфекција со коронавирус со направени 3.557 теста, што е 33 повеќе од претходниот ден и е нов рекорден број на потврдени дневни инфекции од почетокот на епидемијата, објави словенечката влада.

Поради големиот пораст на бројот на новоинфицирани во последните две недели, Словенија беше ставена на списокот на епидемиолошки небезбедни дестинации од страна на британската влада откако тоа го направија Норвешка, Шведска, Литванија и Естонија претходните денови, објавија словенечките медиуми.

Бројот на активни случаи на инфекција во Словенија во моментот е 1.116 од вкупно 4.195 потврдени инфекции регистрирани од почетокот на епидемијата, објави словенечкото Министерство за здравство.

Во болниците има 67 пациенти со Ковид-19, што е седум повеќе од претходниот ден, а 11 од нив се на интензивна нега. Беа забележани четири нови смртни случаи, а бројот на жртвите се искачи на 138.

Бидејќи следните десет дена се сметаат за клучни за смирување на епидемиолошката состојба, владата на Јанез Јанша ќе воведе задолжително носење маски на јавни простори, како што се пазари, но и во училници и универзитетски сали.

Владата разгледува и можно ограничување на дозволеното дружење на луѓето на најмногу шест лица. Покрај тоа, од следната недела ќе се ограничи работата на гостилниците, клубовите и на другите локали, па ќе им биде дозволено да работат до 22 часот, а предвидени се и некои ограничувања за работата на продавниците, објавија медиумите.

Од друга страна, владата го повикува населението да преземе одговорност и доследно да се придржува кон основните епидемиолошки мерки – одржување на потребното растојание, хигиена на рацете и избегнување приватни собири надвор од семејниот круг, како што се родендени и други прослави.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Километарски колони на границата со Црна Гора, Србите брзаат да се вратат дома

Објавено пред

По апелот на Кризниот штаб српските туристи кои летуваат во Црна Гора да се вратат во својата земја до петок во 18 часот, голем број граѓани се упатија кон Србија. Затоа, од раните утрински часови има голема навалица на границите со Црна Гора.

Колони автомобили има на граничниот премин Јабука, а бидејќи речиси 70.000 Срби во моментот се на одмор во Црна Гора, се очекува состојбата на граничните премини да биде слична или полоша до крајот на денот.

Најголема навалица се очекува во периодот од 16 до 18 часот до кога Кризниот штаб апелира српските граѓани да се вратат во земјата.

„Граѓаните на Србија, кои се враќаат во земјата од летните одмори од црвените корона-зони и немаат симптоми на инфекција, имаат обврска по електронски пат да се пријават во здравствениот систем и не би било добро сите да брзаат во ковид-амбулантите“, изјави епидемиологот д-р Предраг Кон, член на Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата.

Денес, во 18 часот стапува во сила одлуката дека српските државјани, кои се враќаат од земјите каде што голем број луѓе се заразени од коронавирусот, мора да се пријават во системот, и доколку имаат симптоми, како што се треска, губење на чувството на вкус и мирис или некој друг вид респираторна инфекција, тие се должни да одат во ковид-амбуланта.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет42 минути

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија2 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ3 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија5 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија6 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија7 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија7 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија7 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион9 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет9 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија9 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион10 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија10 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет10 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет10 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија11 час

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ11 час

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа11 час

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет12 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион12 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Досие