Регион
Во Хрватска 1.472 новозаболени од коронавирус, 65 починати

Во последните 24 часа евидентирани се 1.472 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 22.769.
Меѓу нив, 2.857 пациенти се во болница, од кои 284 се на апарати за дишење. Починаа 65 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес има вкупно 177.358 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 2.705 починале, вкупно оздравеле 151.884 лица, од кои 3.673 во последните 24 часа.
Во моментов има 54.042 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 888.080 лица, од кои 5.798 во последните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Словенија 24 лица затруени со јаглероден моноксид

Поради труење со јаглероден моноксид, 12 лица се пренесени во болница, пишува 24ur.com. Никој од нив не е во животна опасност.
Труењето се случило во една зграда во Добрна во неделата околу 18 часот, а во нивната крв била пронајдена поголема количина јаглероден моноксид.
Пожарникарите бргу пристигнале на самото место и евакуирале 24 лица, од кои 12 имале јасни симптоми на труење и сите биле пренесени во болница во Целје.
Портпаролката на полицијата во Целје, Милена Трбулин, изјави дека жителите поминале цел ден во мала просторија без вентилација, каде што готвеле и пушеле.
Се верува дека системот за греење не е причина за труењето, а полицијата сè уште го истражува целиот случај.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Крит

На грчкиот остров Крит се почувствува земјотрес, а епицентарот беше во морето, на 52 километри североисточно од Ситија, објави атинскиот Институт за геодинамика.
Јачината на земјотресот била 4,2 степени иако прелиминарните резултати покажале дека тој бил 4,6 степени, објави веб-страницата „Екатимерини“.
Засега нема информации дали има штети или повредени.
Регион
Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.
Таа потврди појава на силна алергиска реакција кај една личност и изјави дека лекарите подготвени ја пречекале и ја решиле ситуацијата.
Д-р Маркотиќ во ХТВ дневно изјави дека некои несакани ефекти, како што се треска и болка во раката, се очекуваат по втората доза на вакцинација, но дека не се регистрирани опасни несакани ефекти за време на клиничката студија или за време на вакцинацијата во земјите каде што повеќе луѓе примиле вакцина.
„Епидемиолошката слика е подобра, но треба да бидеме претпазливи при олеснување на мерките бидејќи се шири нов вид коронавирус“, рече Алемка Маркотиќ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира