Регион
Во Црна Гора откриени седум случаи на британскиот вид коронавирус

Британскиот вид коронавирус е присутен во Црна Гора, каде што досега се откриени седум случаи, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Институтот добил потврда од лабораторијата „Шарита“ во Берлин дека британскиот вид коронавирус е пронајден во седум испратени примероци.
„Присуството на британскиот сој е утврдено со методот на секвенционирање на вирусниот геном“, се вели во соопштението на ИЈЗ.
Се додава дека во согласност со моментната епидемиолошка состојба во Црна Гора, а имајќи ја предвид официјалната потврда за присуство на британскиот вид, кој има поголема преносливост, работната група на Институтот за јавно здравје ќе предложи построги здравствени мерки.
Тие апелираат до граѓаните да се придржуваат до веќе пропишаните мерки, пренесува „Вјести“.
„Значи, потребно е правилно да се носат маските, да се одржува физичко растојание, да се избегнуваат секаков вид јавни собири и да се грижиме за хигиената на рацете. Сите овие мерки се ефикасни и може да нè заштитат од новите соеви на вирусот“, се вели во соопштението на ИЈЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ покажа фотографии од масакрирани тела од бандата на Беливук

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека најмалку две организирани криминални групи се разбиени во борбата против мафијата и дека се водат истраги за убиствата.
Вучиќ синоќа се обрати по седницата на Советот за национална безбедност, која траеше три часа и имаше неколку точки. Првата точка е Косово, втората вакцини и борбата против коронавирусот, а трета точка на дневниот ред била борбата против организираниот криминал.
„ Ние кај членовите на оваа најпозната криминална група (Вељко Беливук) што е зад решетки , првпат успеавме да направиме нешто во техничка смисла. Увезувавме уреди што порано не ги користевме. Членовите на криминалната група имаа фотографии и обележани лица на луѓе во МВР и БИА, кои, како што сметаа, им беа прогонувачи. Тоа се оперативци кои се бореа директно против нив и успеале во тоа. Тие ги ризикуваа своите животи, но успеаја, истакна Вучиќ.
На прес-конференцијата беа покажани фотографии, кои ги докажуваат злосторства за кои е осомничена криминална група предводена од Вељко Беливук (Веља Невоља) на кои се гледаат телата на убиените, како и снајперски пушки.
Српскиот претседател соопшти дека пред два дена во областа меѓу Шабац и Лозница е запленет досега најголем арсенал на оружје.
Регион
Земјотрес во БиХ, почувствуван и во Далмација

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08:09 часот во Босна и Херцеговина.
Земјотресот бил со епицентар во близина на Босанско Грахово, јавуваат медиумите во БиХ.
Според хрватскиот портал Индекс.хр, земјотресот бил почувствуван и во Далмација.
„ Нè разбуди прилично силен удар, ѕидовите и плакарите се тресеа, а потоа малку се нишаше неколку секунди. Тоа воопшто не беше пријатно чувство”, напиша читател на порталот од Каштел.
Босанско Грахово се наоѓа на околу 80 километри од Сплит.
Регион
Вучиќ: Ве молам вакцинирајте се

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва на прес-конференција истакна дека е важно што повеќе луѓе во Србија да бидат вакцинирани. Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат.
„ Имаме и ќе имаме вакцини. Ве молам, како Бог, вакцинирајте се, не слушајте приказни за неодговорни луѓе. Тие го прават тоа за свое добро со цел да си ги наполнат џебовите. Вакцинацијата ја одредува и економската иднина на Србија. Но, јас ќе се вратам на спасување на животите на нашите луѓе, особено на старите лица. Се разбира, и помладите умираат, но тоа е ретко”, нагласи српскиот претседател.
Вучиќ рече дека 95% од случаите на луѓе кои умираат биле на возраст од 57 и 58 години. Тој побара да се вакцинираат старите лица и изјави дека најмалку вакцинирани има во општините Тутин, Мерошина, Бабужница и Чагубица, каде биле вакцинирани од 9,5 до 12 проценти.
Најави дека најмалку милион и пол вакцини ќе пристигнат во април во Србија. Тој додаде дека повеќето луѓе се вакцинирани во богатите општини, и дека тој и премиерката Ана Брнабиќ ќе патуваат кај нив за да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат.
„ Ќе одам на некои места, ќе одам кога ќе поминеме милион ревакцинирани, ќе одам да се вакцинирам во Чагубица или Мерошин за да ги замолам луѓето да се вакцинираат“, рече тој.
Вучиќ нагласи дека ако не била извршена вакцинацијата, тогаш ќе имало 10 и 13.000 заразени на дневна основа, само благодарение на ревакцинацијата, успеале да ги држат броевите под контрола.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“