Контакт

Регион

Во Црна Гора расте бројот на заразени со коронавирус

Објавено пред

Бројот на заразени со коронавирус во Црна Гора се зголеми на девет во средата, откако црногорскиот Институт за јавно здравје потврди седум нови случаи на инфекција.

Претходно, црногорските здравствени власти, откако немаше регистрирано ниту еден случај на инфекција 42 последователни дена, регистрираа два случаи на инфекција кај жители на таа земја кои кратко време биле во БиХ.

„До среда во 21 часот лабораториите на институтот анализираа 200 примероци, од кои 193 беа негативни и седум позитивни за новиот коронавирус. Четворица новозаболени се контакти на претходно потврден случај, додека за тројца новозаболени во моментов се трага по изворот на инфекција”, соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје.

На 1 јуни Црна Гора ги отвори своите граници за 130 земји во кои бројот на активни случаи е помал од 25 на 100.000 жители и ги укина повеќето преземени мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

На почетокот на јуни црногорската влада прогласи крај на епидемијата на коронавирус на територијата на земјата откако 28 дена по ред, односно двојно повеќе од периодот на инкубација, не беше регистриран случај на зараза. Претходно, на 24 мај, Црна Гора стана првата земја без корона во Европа.

Регион

Црна Гора ги озакони истополовите бракови

Објавено пред

Парламентот на Црна Гора го изгласа законот за истополови бракови. Овој акт го поддржаа 42 пратеници, а петмина беа против, пренесува РТЦГ.

Предлог-законот беше во собраниска процедура минатата година, но не го доби потребното мнозинство за време на гласањето на парламентарната седница на 31 јули.

Законот им дозволува на истополовите двојки во Црна Гора да ги уживаат истите права како и брачните заедници меѓу маж и жена, само без можност за посвојување деца.

Посоебно е нормирано одржувањето меѓу партнерите, а имотните односи на партнерите се детално регулирани.

Партнерите имаат право на меѓусебно наследство, а регулиран е и нивниот даночен статус.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Во Нови Пазар поранешни дилери ѝ скандираа на премиерката, ситуацијата се користи за политички поени

Објавено пред

Министерството за здравство требаше да реагира порано во врска со состојбата во Нови Пазар, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Имаме голем број на заразени лица, што им донесе големи проблеми на здравствените работници. Потоа дојдоа сите други работи што одат заедно со тоа, политика, измислици… Сосема е јасно дека во Нови Пазар имаме добро опремена болница и покрај лагите што ги слушаме“, вели Вучиќ.

Како лаги ги оцени обвинувањата дека во болницата работат само 3 од 10 респиратори.

„Најлошо е кога поранешни дилери на дрога ѝ скандираат на премиерката. Уште 14 лица од Крагуевац беа испратени во Нови Пазар. Луѓето се загрижани, ние мора да се грижиме за нив“, рече тој, додавајќи дека Министерството за здравство требало да реагира порано и да се адаптира болница посебно за заболени од Ковид-19.

Како што рече српскиот претседател, најтешко му е кога нечија смрт се користи за собирање политички поени.

Вучиќ исто така најави дека наесен се очекува многу потешка ситуација заради коронавирусот.

„Ќе мора да се бориме со тоа, не можеме да ја затвориме земјата, ќе мора да работиме за да можеме да живееме“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 272 новозаразени, Ѓоковиќ ќе донира поради драматичната ситуација во Нови Пазар

Објавено пред

Во текот на последните 24 часа во Србија се регистрирани 272 нови случаи на коронавирус, а починаа четири лица.

Биле направени 8.626 тестирања, а во моментов има 73 пациенти на респиратори, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од тамошните здравствени власти.

Во меѓувреме, тенисерот Новак Ѓоковиќ најави дека ќе донира пет милиони динари, или нешто повеќе од 42.000 евра за Општата болница во Нови Пазар, откако ова место стана жариште на инфекцијата, со голем број активни случаи на Ковид-19, пренесе „Блиц Спорт“.

Ѓоковиќ кој и претходно учествувал во бројни хуманитарни акции, решил да го преземе овој чекор затоа што состојбата во Нови Пазар е драматична, а од вирусот се заразени и лекари.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство Дејвид Кларк денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет20 минути

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет47 минути

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет12 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија18 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија18 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија18 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија19 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија19 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион21 час

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија21 час

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија21 час

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија23 часа

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија24 часа

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Македонија1 ден

Бројот на починати од коронавирус во земјава надмина 300, границите на ЕУ остануваат затворени за македонските граѓани

Земјата со недели се соочува со троцифрени бројки на новозаразени од Ковид-19 на дневна основа, а бројот на починати од...

Свет1 ден

САД ги купија сите залихи на ремдесивир

Сите залихи на лекот ремдесивир, кој е еден од ретките што покажаа позитивни резултати во лекувањето на коронавирусот, се откупени...

Македонија1 ден

Повторно летови од аеродромите во Скопје и во Охрид

Двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, од денеска се отвораат за патници, но со строго почитување на протоколите. Заштитните...

Македонија1 ден

Снимател од МРТ ја загуби битката со коронавирусот

Синоќа од коронавирус почина долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио- телевизија, Шенол Ахмети. Неговите колеги на социјалните мрежи...

Забава1 ден

(Видео) Италијански нуркачи два часа спасувале кит заплеткан во нелегални рибарски мрежи

Припадниците на италијанската крајбрежна стража и нуркачите успеале да го ослободат китот што се заплеткал во рибарските мрежи во близина...

Македонија1 ден

Филипче за инцидентот во „8 Септември“: Ова е чин на непочитување на здравствените работници кои се борат за секој човечки живот

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување...

Досие