Регион
Врсничко насилство во околината на Задар: На девојче во училиште му ги залепиле и скубеле веѓите

Врсничко насилство е забележано во училиште во околината на Задар. Две момчиња му ги залепиле, а потоа му ги искубале веѓите на девојче, нивна соученичка. Од страв таа чувала сè во себе, но по неколку дена раскажала што се случило.
Веќе некое време трпела навреди и понижувања, ѝ биле кажувани секакви навредливи зборови. Сè до пред некој ден кога ѝ ги залепиле и скубеле веѓите на краткиот одмор меѓу часовите. Училиштето разговарало со нив, пренесуваат тамошните медиуми.
„Мајка ѝ се плаши, и сите ние, а сега ѝ кажуваат дека е поткажувач и слично“, раскажува близок роднина на нападнатата ученичка за „Задарски лист“ за најновиот случај на врсничко насилство во основно училиште во близина на Задар.
„Мислам дека ниту родителите на тие деца, тие две момчиња, не знаеле нешто за тоа. А не знаеше ни директорот, само кога отидов да ја видам во понеделникот. Очигледно е дека не е направено како што треба, не знам точно, какви се прописите и условите, но тоа не е мала работа, ова е насилство што не треба да се толерира и овие деца треба да се санкционираат. Тоа било во училиште, а не надвор од училиште и училиштето треба да реагира бидејќи вака излегува дека се на страната на насилниците“, додава таа.
Директорката на училиштето во соопштението вели дека училиштето ќе ги преземе сите мерки за да се откријат деталите за овој случај. Таа додава дека ангажирала стручна служба и класниот раководител за да ја покани мајката на девојчето на интервју.
„Многу ми е жал. Денеска беа интервјуирани, а сè уште немам повратна информација бидејќи денеска имавме државни испити по англиски јазик, кои штотуку завршија. Знам дека мајката е на разговор и сега ќе се видам со стручната служба“, изјави директорката на училиштето од Задар.
Напоменува и дека за случајот се информирани родителите на двете момчиња и дека набргу се очекува разговор со нив. Директорката објаснува дека кога се работи за вакви случаи, се спроведуваат педагошки мерки и санкции.
„Така ќе биде и овој пат. Значи, по дискусијата со учениците и родителите, од двете страни ќе донесеме одлуки и ќе преземеме мерки во согласностс со правилникот и статутот на училиштето, а доколку има потреба, ќе бидат известени и другите институции. Секако, овој случај е во процес на разрешување. Училиштето секогаш го прави она што е потребно за да го заштити детето. Мора сè да земеме предвид, ссè внимателно да испитаме и да преземеме понатамошни чекори, нормално, ќе одговорат сите деца што учествуваа“, истакна директорката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Зебра избега од Зоолошката градина во Белград, повредени три лица

Од трите лица повредени вчера кога зебра избега од ограден простор во Зоолошката градина во Белград, две се однесени во Военомедицинската академија, но се пуштени на домашно лекување бидејќи повредите биле полесни, соопшти утрово Ургентниот центар на ВМА.
Зебрата удрила во маж и го прегазила, по што му биле констатирани полесни повреди, додека другата жена била донесена во ВМА без физички повреди, но во состојба на шок, изјавија за РТС.
Од Зоолошката градина во Белград вчера, зебра избегала од ограден простор и повредила вкупно три лица, од кои едно било дете, кое било пренесено во Детска клиника.
Регион
Три лица извлечени од морето во различни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти крајбрежната стража.
Во раните утрински часови во среда, 88-годишен грчки државјанин беше извлечен во несвест од морето во областа Агиос Андреас Малаконтас во Еретрија, според Прототема.
Неколку часа подоцна, 69-годишен српски државјанин беше извлечен во несвест од морето во Олимпискиот брег во областа Пиерија.
Во трет инцидент, друг грчки државјанин (61) беше извлечен од морето во пристаништето Милина во општина Јужен Пелион.
За сите три инциденти, надлежните пристанишни власти спроведоа прелиминарна истрага и беше наредена обдукција.
Вчера сите беа шокирани од веста за смртта на 13-месечно бебе од Србија, кое се задуши додека беше на плажа со своите родители на Халкидики. Момчето се задавило со храна додека било во бар на плажа во областа Ормос Панагиас.
Регион
Вучиќ најави помилување за девојката што удри студентка со автомобил во Нов Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека ќе ја аболира од понатамошното кривично гонење, 25-годишната девојка која со својот автомобил се залета во толпата што протестираше во Белград, во јануари.
Автомобилот влета во толпата и ја носеше девојката на хауба неколку метри, која потоа падна на асфалтот. 25-годишната девојка е осомничена за обид за убиство во врска со овој инцидент.
Сепак, Вучиќ во телефонско интервју за телевизијата „Информер“ најави дека ќе ја помилува девојката доколку таа односно нејзиното семејство се согласат со тоа, пренесува Нова.рс.
„За мене е ужасно што како претседател кој до пред неколку недели не издаде ниту едно помилување за девет години, сега морам да ја исправам неправдата што ја нанесоа обвинителите и судовите. Ќе продолжам да го правам тоа бидејќи неправдата е толку очигледна што ќе морам да ги заштитам слабите, прогонуваните и жртвите на нивните секојдневни напади“, рече тој.
Тој оцени дека одредени носители на судски функции во Србија „ги воведоа неправдата и лошото постапување како највисоки принципи“.