Контакт

Регион

Втора жртва во пожарите во Албанија – почина жена која беше хоспитализирана со тешки изгореници

Објавено пред

Уште едно лице го загуби животот во пожарите во Албанија, беше соопштено денеска.

Станува збор за 60-годишна жена од Џирокастро, која била примена во болница пред осум дена со изгореници на 70 проценти од површината на телото, пренесува порталот „Албанска пошта“.

Пред една недела нејзиниот 65-годишен сопруг загина во пожар додека се обидуваше да го изгасне огнот.

Пожари се случуваат во Албанија речиси две недели, а најкритично беше во областа Кукс.

Регион

Трета доза вакцина за лекарите и лицата постари од 60 години во Грција

Објавено пред

Грција ќе им понуди на лекарите и на другиот медицински персонал трета доза од вакцината против Ковид-19, објави денеска Министерството за здравство.

Здравствените советници веќе препорачаа вакцинација за ранливите групи и за оние над 60 години, пишува „Ројтерс“.

Вакцинацијата не е задолжителна, рече Мариос Темистоклеус, генерален секретар задолжен за вакцинација против Ковид-19.

Грција денеска пријави 2.126 нови инфекции и 39 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени се искачи на 632.908, а смртните случаи на 14.505 од почетокот на пандемијата.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за Србија кога станува збор за Косово и Метохија и дека не станува збор за каква било драматизација, туку ситуацијата е тешка и сериозна.

Причината за неговото обраќање се денешните случувања на граничниот премин Јариње, каде што во неделата беа поставени контејнери, а од утрово беа распоредени единици на РОСУ, кои почнаа со одземање регистарски таблички од северот на Косово. Возилата со ознаки од централна Србија мора да земат ознаки за тестирање и да платат осигурување во износ од пет евра.

„Синоќа знаевме што планира Приштина. Денес, по шест часот, тие сили се преселија на северот на Косово и Метохија. Ова е шести упад, но најбрутален досега“, рече Вучиќ и потсети дека Приштина не ги исполнува своите обврски од договорот со Белград.

„Имавме два договора, од 2011 година и 2016 година. Ова се 4 договори за слобода на движење. Суштината е дека ова се таканаречени табели на КС, кои ја продолжија валидноста од 2011 до 2016 година, а потоа до 2021 година. Основна обврска на Приштина е формирање ЗСО. Тие не се заинтересирани, но Србите мора да молчат. Јас веќе нема да му молчам никому, секој ден ќе им кажувам на луѓето што прават и како ги кршат сите прописи“, порача српскиот претседател.

Како што нагласи, Албин Курти се однесувал според принципот „ќе го земам она што ми се допаѓа“.

„Тој не ги почитува договорите, туку постапува по принципот ‘ќе го земам, ми се допаѓа и нема да го правам затоа што не ми се допаѓа’. Се надевам дека нема да мораме да преземаме никакви мерки бидејќи тоа би ги загрозило односите во регионот.

Тој рече дека не најавува контрамерки бидејќи се надева дека нема да има потреба да се применуваат.

Вучиќ нагласи дека стапката на лицемерство кон Белград е неподнослива и ги замоли луѓето да не стануваат жртви на провокации.

Одговарајќи на прашањата на новинарите, Вучиќ посочи дека Србија нема сознанија кој ѝ дал инструкции на Приштина да го повлече денешниот потег.

Вучиќ рече дека повеќе не го гледа значењето на дијалогот.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ ги повика Белград и Приштина да ги намалат тензиите

Објавено пред

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ги повика Белград и Приштина веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани потези.

Тој додава дека специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, моментално е во Белград, каде што ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и дека Лајчак разговарал со политичките лидери во Косово за ситуацијата.

Одговарајќи на прашањето на „Танјуг“ за состојбата на административните премини меѓу северно Косово и централна Србија, Стано рече дека слободата на движење е еден од темелите на ЕУ и оти се очекува Белград и Приштина да ја промовираат таа слобода во регионот.

„Ги повикуваме двете страни да се воздржат од еднострана акција и да ги намалат тензиите, веднаш. Ги повикуваме и двете страни да ги разгледаат сите прашања преку дијалог во Брисел и да го користат дијалогот како платформа за решавање на сите отворени прашања што ги имаат едни со други, вклучувајќи ја и слободата на движење“, вели Стано.

Блиндирани возила и специјални сили од утрово се распоредени на два административни премина на северот на Косово.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет9 часа

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион10 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија13 часа

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија15 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија15 часа

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија17 часа

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет18 часа

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија1 ден

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет1 ден

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија2 дена

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија2 дена

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија2 дена

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ2 дена

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет2 дена

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет2 дена

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа2 дена

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет2 дена

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Досие