Контакт

Регион

Вучиќ во посета на Косово

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ попладнево го започнува својот дводневен престој на Косово со посета на браната Газивода и Зубин Поток, пишуваат српските медиуми.

Доцна попладнето е предвидена средба со политички претставници на Србите од Косово. Посетата на Вучиќ на Косово доаѓа еден ден по разговорите кои тој ги имаше со косовскиот претседател во Брисел околу спорот меѓу Белград и Приштина.

Според министерот за одбрана, Александар Вулин, посетата на Косово е меѓународна победа на Вучиќ.

По повод посетата на претседателот на Србија на Косово и Метохија, Вулин во утринското издание на вестите на РТС, рече дека Вучиќ е храбар човек кој секогаш ги игнорира заканите кон себе, и дека така е и сега.

Вулин додаде дека ситуацијата е „многу сложена“, но надлежните служби на Србија „будно следат случувања на теренот и ќе направат се да не се случи какво било загрозување на безбедноста на Вучиќ“ додека е на Косово.

Според приштински медиуми, под притисок на САД, приштинската Влада одлучила да му овозможи на српскиот претседател Александар Вучиќ и посета на браната Газивода, за како што наведуваат да „нема тензии меѓу двете држави“.

 

Регион

Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот

Објавено пред

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, денеска преку „Твитер“ и одговори на српската премиерка Ана Брнабиќ, која рече дека косовските такси го оневозможиле дијалогот меѓу Белград и Приштина, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Харадинај, пак, потенцира дека дијалогот бил блокиран поради територијалните претензии на Србија, а не таксите.

„Косово е суверена држава, меѓународно призната, со постоечки граници. Што побрзо тоа го прифатат Србија и Брнабиќ, тоа подобро за нив“, оцени косовскиот премиер.

Српската премиерка денеска рече дека таксите воведени од Приштина создале атмосфера во која не е можен никаков дијалог.

„Штом бидат укинати таксите и ние ќе бидеме подготвени за продолжување на дијалогот“, порача Брнабиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Децата затруени на брод во Хрватска се будат од кома

Објавено пред

Здравјето на двете деца на возраст од пет и 14 години кои се затруја на брод во близина на Хвар е стабилно, па тие се исклучени од респиратори и дишат самостојно.

После три дена, лекарите во сплитскиот Клинички центар започнале да ги будат од кома, пренесе ХРТ.

Според извештајот, децата се во стабилна состојба, но и натаму се изложени на ризик по животот.

Петгодишно момче и 14-годишно девојче се затруја од јаглерод моноксид од неправилно вграден генератор во едреник со кој со семејството и пријатели тргнале на крстарење по Јадранот.

Сопственикот и капетанот на бродот, кои ќе се бранат од слобода, се осомничени дека предизвикале трагедијата во која загина 57-годишниот Евгенио Винчи, а две деца се во животно загрижувачка состојба.

Тие се осомничени дека во моторот на бродот вградиле бензински агрегат, поради што дошло до истекување на отровни гасови.

Хрватскиот министер за поморство, Олег Бутковиќ, изрази жалење за трагичниот настан во Хвар, потсетувајќи дека хрватскиот Регистар на бродови редовоно врши контрола кај бродовите кои се во пловна состојба.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Албански државјанин осомничен за силување на малолетничка на Крф

Објавено пред

На грчкиот остров Крф уапсен е државјанин на Албанија под сомнение дека силувал малолетничка.

Властите се сомневаат дека 32-годишниот Албанец силувал 14-годишна британска туристка, којa заедно со своето семејство престојувала во хотел каде тој бил вработен.

Тинејџерката тврди дека била силувана, додека осомничениот изјавил дека таа се согласила да имаат секс, објави агенцијата АНА.

Албанецот беше уапсен вчера и треба да се појави на суд во понеделник.

Полицијата соопшти дека тој работел во хотелот без потребната документација.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет50 минути

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура55 минути

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија1 час

На Богородица и Табановце се чека по 45 минути за излез од земјава

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека се забележува зголемена фреквенција на...

Економија3 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија17 часа

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ20 часа

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија21 час

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ23 часа

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија1 ден

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Свет1 ден

Трамп сака да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а...

Свет1 ден

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул,...

Европа1 ден

Пронајден цртеж на Да Винчи што бил сoкриен 500 години под неговото ремек-дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во...

Регион2 дена

Грција се бори со шумските пожари, гори на неколку острови

Грчките власти испратија засилувања на пожарникарите кои се борат со голем шумски пожар во природен резерват на островот Евија, додека...

Европа2 дена

Шест европски земји ќе подадат рака за спас на 147 мигранти

Премиерот на Италија Џузепе Конте изјави денеска дека шест европски земји сакаат да ги преземат 147 мигранти кои се блокирани...

Свет2 дена

Киев и ЕУ се лути, Русија им нуди државјанство на три милиони Украинци

Киев и ЕУ се лути, откако Русија им нуди државјанство на околу три милиони Украинци од регионот на границата со...

Свет2 дена

(Видео) Кремљ ќе ги одликува пилотите херои кои слетаа избегнувајќи јато птици

Кремљ ќе им додели државни одликувања на двајцата пилота кои успешно принудно слетаа со патнички авион во кој имало 233...

Свет2 дена

(Видео) По седумчасовна престрелка уапсен маж во Филаделфија кој рани шестмина полицајци

Американската полиција го уапси осомничниот за пукањето во северна Филаделфија, по седумчасовна престрелка во која се повредени шест полицајци. Станува...

Европа2 дена

Најголемата скулптура во светот поставена во Белгија

Најголемата скулптура во светот, како што ја нарекуваат, беше подигната во Белгија. 60-метри високиот челичен круг беше поставен во близина на...

Регион2 дена

Над 200.000 луѓе од Балканот минатата година се иселиле во ЕУ

Од Западен Балкан во земјите од ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 луѓе, покажуваат податоците на „Евростат“. Од Србија...

Досие