Контакт

Daily news

Вучиќ: Горд сум на огромната доверба од граѓаните

Објавено пред

 

Победа во првиот круг чиста како солза, ќе дадам се од себе да бидам претседател на сите граѓани и ќе се борам за секој човек, без оглед на тоа дали ме поддржал или не, изјави во неделата претседателот на Српската напредна партија (СНС) и победник на претседателските избори Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

 

Обраќајќи се од штабот на СНС, Вучи најави дека ќе направисе за угледот на Србија во светот да биде уште поголем. Истакна дека „не лажел ништо“ за време на кампањата и дека ќе ја „критикува владата“ кога мисли дека таа нешто забошотува, но и дека ќе ја брани кога ќе ја напаѓаат поради тешки реформски потези.

 

„Граѓаните покажаа во кој правец сакаат да оди Србија, огромно мнозинство се за продолжување на реформите и европскиот пат, со зачувување на партнерствата со Кина и Русија“, истакнал Вучиќ, наведувајќи дека не победил преку популизам и шовинизам, туку со тешка и напорна работа и дека луѓето тоа го разбираат.

 

Вучиќ на изборите кои се одржаа во неделата убедливо ги победи противкандидатите на изборите, освојувајќи речиси 56 отсто од гласовите на избирачите. Покрај актуелниот српски премиер на изборите учествуваа уште 10 кандидати, а лидерот на СНС, освои повеќе гласови отколку сите кандидати заедно.

 

Саша Јанковиќ, поранешниот народен правобранител освои 15,5 отсто, а Лука Максимовиќ познат како Љубиша Прелетачевиќ-Бели доби 9,4 отсто од гласовите./крај/мф/бс

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт9 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет9 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет10 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...