Контакт

Регион

Вучиќ за американските санкции против Вулин: Кокаин е пронајден во Белата куќа, а не кај Вулин

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, првпат зборуваше за воведените американски санкции против Александар Вулин и рече дека тоа не е направено поради некаков криминал, туку поради односот на Вулин кон Русија.

„Утре ќе зборувам детаљно за Вулин, но колку што можам да видам, кокаинот не е пронајден кај Вулин во кабинетот, туку во Белата куќа. Мислам дека е исклучително важно да се спроведе истрага бидејќи се работи за општ член што тие го користат за да напишат нешто. Заборавивте да ја спомнете Русија. Против Вулин „санкциите не се воведени поради криминал, туку поради неговиот однос со Русија. Но, за тоа детаљно ќе зборувам утре“, рече Вучиќ.

Шефот на српската разузнавачка агенција БИА и близок соработник на српскиот претседател Александар Вучиќ, Александар Вулин, се најде под американски санкции.

Имено, САД го обвинуваат за вмешаност во организиран криминал и трговија со наркотици, дека злоупотребувајќи ја својата јавна функција, му помогнал на трговецот со оружје Слободан Тешиќ за неговите илегални пратки оружје да може слободно да се движат на границите на Србија и дека на Русија ѝ обезбедил „платформа за натамошно малигно влијание врз регионот“.

Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД објави дека вовела санкции за државјанин на Србија во согласност со извршниот налог (Е.О.) 14033. Според соопштението, Александар Вулин е вклучен во транснационален организиран криминал, илегални операции со наркотици и злоупотреба на јавна функција. Се додава дека Вулин одржувал „заемно корисни односи со српскиот трговец со оружје Слободан Тешиќ“.

Вучиќ го спомна кокаинот во Белата куќа во коментарите за американските санкции против Вулин. Тој, всушност, мислеше на неодамнешниот настан кога Белата куќа беше накратко евакуирана поради непозната супстанција.

Официјалните анализи покажаа дека токму кокаинот бил пронајден во западното крило на Белата куќа. „Ројтерс“ објави, цитирајќи неименуван извор, дека кокаинот бил пронајден во дупка во влезот на западното крило, каде што посетителите оставаат електронски уреди и други предмети пред да одат на обиколки.

Најново

Свет7 минути

„Политико“: Идејата на Калас за експертска група за одбрана пропадна пред да се формира групата

Плановите на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, за формирање експертска група за одбрана на ЕУ пропаднаа откако Италија...

Свет25 минути

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника1 час

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет1 час

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија2 часа

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија2 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава3 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија3 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...