Регион
Вучиќ за донацијата на вакцини во Црна Гора: Тие се наши браќа и пријатели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека Србија и помогнала на Црна Гора со донирањето на вакцини, бидејќи тоа е нивна обврска кон нивните браќа и пријатели.
Тој истакна дека граѓаните на Црна Гора се заслужни за вакцините.
„Тие се наши браќа и пријатели и наша обврска е да споделуваме добро и зло со нив. Ако можеме да помогнеме, ќе помогнеме, сигурен сум дека и тие би ни помогнале. Не сакам да навлегувам во политички приказни. Ако вашиот брат, пријател или сосед не се задоволни, тогаш и вие не можете да бидете“, рече Вучиќ.
Неделава во Црна Гора од Србија првично пристигнаа 2.000 дози од руската вакцина Спутник, а наредните денови се очекуваат уште 2.000 за ревакцинација.
Ова се први вакцини во Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Министерка oд БиХ порача дека вакцината на „Астразенека“ е за сиромашни, компанијата размислува за тужба

„Астразенека“ размислува да ја тужи БиХ во врска со изјавата на министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ, која рече дека вакцината од оваа компанија е за сиромашни, со послаб квалитет и евтина.
Како што пренесува сараевски „Аваз“, Алмир Бадњевиќ, директор на „Верлаб“, изјавил дека, според неговите информации, раководството на „Астразенека“ размислува за тужба против БиХ поради изјавата на министерката дадена на денот кога српскиот претседател Александар Вучиќ донираше 5.000 дози од вакцината на „Астразенека“ против коронавирус.
Турковиќ рече дека вакцината на „Астразенека“ е со лош квалитет. Потоа продолжи да омаловажува, тврдејќи дека вакцината не е одобрена за земјите од ЕУ и дека е наменета за сиромашни земји, а исто така додаде дека истата се произведува во Индија. Таа порача и дека вакцината е лесно достапна на пазарот и дека БиХ можела и самостојно да ја набави.
Изјавата наиде на огромен број коментари на социјалните мрежи во БиХ, кои во голем дел ја осудија изјавата на министерката, воедно прашувајќи ја зошто ако вакцината е толку лесно достапна, не била веќе набавена.
Регион
Словенија се подготвува за масовна имунизација во март и покрај недостигот на вакцини

Словенија ќе овозможи масовна вакцинација против Kовид-19 во март, изјави денеска во Љубљана координаторот на владата за вакцинација, Јелко Кацин, и најави дека утре пристигнуваат уште 24.000 дози од вакцината на „Астра зенека“.
Тој изјави дека Словенија има уште 15.000 дози во резерва и дека покрај утрешната испорака, очекува уште 40.000 дози на почетокот на следната недела.
„Ние сме организирани така што можеме да вакцинираме од 500.000 до 600.000 луѓе месечно, што значи околу 30.000 секој работен ден“, рече Кацин.
Сепак, „Хина“ објави дека, поради недостиг на вакцини, околу 240.000 граѓани ќе може да се имунизираат во март.
Следната недела, според владиниот план, наставниците и воспитувачите во училиштата и градинките ќе бидат вакцинирани, што е приоритет со оглед на претстојното отворање на средните училишта.
Кацин оцени дека вакцината на „Астра зенека“, која ќе пристигне во поголеми количини, е многу ефикасна и безбедна и дека граѓаните се заштитени од болеста девет месеци по примањето на втората доза.
Регион
Во Србија повторно повеќе од 4.000 новозаразени од коронавирус, 16 починати

Според последните податоци, коронавирусот е потврден кај 4.056 граѓани на Србија, а биле тестирани 16.175 примероци. Уште 16 лица починале како резултат на заразата.
Во моментот 161 пациент се на апарати за дишење.
Вкупниот број на смртни случаи е 4.491. Стапката на смртност е 0,96 проценти.
Од ден на ден расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19. Во изминатите неколку дена најмногу новозаболени има во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Кралево и во Врање.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер