Регион
Вучиќ и Путин денеска ќе разговараат за цената на гасот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Минатата недела Вучиќ најави дека разговорот ќе започне во 11 часот.
Тој во последните денови рече дека три работи му се важни во разговорот со неговиот руски колега – количината на гас, цената на гасот и безбедноста на снабдувањето.
Според претседателот на Србија, покрај договорот за гас ќе се разговара и за соработката и за сите други прашања.
Вучиќ претходно изјави дека верува оти Србија „ќе добие фер цена за гасот од своите руски партнери“.
„Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанија со повик до НАТО во Драч да формираат поморска база

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека Албанија упати повик до НАТО да учествува во финансирање на воена поморска база во Драч. Рама на прес-конференција рече и за други случувања на самитот на НАТО во Мадрид истакнувајќи дека таму изнел детали за изградбата на поморската база, пренесува Анадолија.
„На самитот разговаравме за нашиот проект и верувам дека ќе се вратиме во Брисел за продолжување на проектот и предлогот кој не само што предизвика интересирање, туку и желба за продлабочување на разговорите за поставување на поморска база во Драч, која освен комерцијалниот и трговски дел би имала и воен“ рече Рама.
Додаде дека наскоро за ова прашање ќе се одржи посебен состанок со комплетниот албански експертски тим и со стручњаци од Алијансата за детално да се претстави проектот.
Регион
Сијарто: Срамно е што Брисел го забавува европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Унгарскиот министер за надворешни работи – Петер Сијарто денеска во Бањалука рече дека „е срамно што Брисел го забавува европскиот пат на земјите од Западен Балкан.
Тој оцени дека проширувањето на ЕУ е една од најважните политики и дека зајакнувањето на Унијата не е можно без нејзино проширување.
„Колку не има повеќе, толку сме посилни, а тоа е најважно за регионот на Западен Балкан. Унгарија е заинтересирана за мир и стабилност на регионот. Го поддржавме и кандидатскиот статус на Украина и Молдавија, но сметаме дека кандидати треба да станат и Грузија и БиХ. Срамота е што не се случи тоа“, рече Сијарто.
Регион
Пленковиќ најави ваучери за гориво за најзагрозените

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска од Осиек за цената на горивата рече дека во понеделник Владата ќе има седница.
„Ваучери за гориво ќе има за најзагрозената група граѓани. Сето тоа се случува поради руската агресија врз Украина и пореметувањето на пазарот. Се надевам дека ќе донесеме решение за нашите граѓани , но и за малите дистрибутери“, рече Пленковиќ.
Тој потенцираше дека внимателно се подготвува пакетот за повеќе од 120.000 граѓани.
„Немаме никакви недостатоци, има се во хрватските продавници. Со овој проблем се бори целиот свет“ ,додаде хрватскиот премиер.