Контакт

Регион

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што нагласи, половина свет смета дека границите се како до сега, а другата половина не се согласува со тоа.

„Важно за иднината е да го направиме тоа и тоа да се знае, како што е важно да научиме да живееме едни покрај други, а да не се тепаме“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија е притисната од различни страни по прашањето за Косово и Метохија, но дека успева да „чекори по жица“.

Верувам дека и во Србија и во светот, рече српскиот претседател, ќе има доволно ум за да се разбере дека тоа е во интерес и за Србите и за Албанците.

Лидерите на опозициската коалиција „Сојуз за Србија“ (СЗС) во која учествуваат десет политички партии и движења, вчера со своите приврзаници ги блокираа сите влезови на зградата на Претседателството барајќи заминување на актуелната власт, односно итна смена на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и претседателката на народното собрание и одржување слободни избори на сите нивоа.

Регион

Поради пожар на хрватскиот остров Паг, евакуирани 10 илјади луѓе

Објавено пред

Хрватската полиција соопшти дека голем пожар избувнал во шума на островот Паг во текот на ноќта, објави телевизијата N1.

Според извештајот, пожарот избувнал на плажа во местото Новаља.

На оваа локација се одржувал традиционален музички фестивал, така што околу 10.000 луѓе биле евакуирани, соопшти полицијата.

На теренот се излезени голем број пожарникари, а исто така во гасењето на пожарот се вклучени и три канадери.

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсен маж осомничен за убиство на американската научничка

Објавено пред

На Крит уапсен е маж осомничен за убиство на Сузан Итон (59), научник на молекуларна биологија, која работела на познатиот институт „Макс Планк“, објави Би-би-си.
Итон дошла на островот поради деловни причини, бидејќи таму се одржувала научна конференција. Исчезнала на 2 јуни додека вообичаено трчала.

Шест дена подоцна нејзиното тело е најдено во еден бункер од Втората светска војна. Во полицискиот извештај е наведено дека била задушена и силувана, што било главен мотив за нападот.

Уапсениот е локален маж на 27 години, кој веќе го признал нејзиното убиство, пренесуваат грчките медиуми. Според вестите од Крит, осомничениот е оженет маж, татко на две деца.

Нејзиното тело го нашле двајца мештани, кои го истражувале бункерот.

Прикажи повеќе...

Регион

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Објавено пред

Во операцијата „Уникат” во областа на Бања Лука, полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и уапси четири лица.

Тоа е вештачка лабораторија за производство на сканск во која, според проценкте, е пронајден околу еден тон дрога, извести РТРС.

Акцијата ја спроведоа полициските службеници од Дирекцијата за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи на РС, под надзор на Окружниот јавен обвинител на Бања Лука.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени, откако куќа експлодира во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион1 час

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат” во областа на Бања Лука, полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет2 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија3 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа3 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија11 час

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија12 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија13 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија13 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион16 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија18 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија18 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија21 час

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија21 час

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија22 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија22 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија23 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија1 ден

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава1 ден

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Досие