Контакт

Регион

Вучиќ: Нема смисла ние да имаме пченица, а луѓето во Скопје и Црна Гора да немаат

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска Владата донела одлука за извоз на земјоделски производи откако во понеделникот се соочиле со досега најголема побарувачка на пченица од 200.000 тони. Тој нагласи дека во регионот има голема потреба за житарици и дека цените отишле до небо.

dobivaj vesti na viber

„Сите сакаат да обезбедат храна за населението. Затоа донесовме мерка за забрана на извозот, а Владата може да дозволи извоз ако процениме дека сме безбедни“, рече тој и посочи дека Србија ќе има доволно жито за земјите од регионот.

„Ние да имаме а луѓето во Скопје или Подгорица да немаат, тоа нема смисла“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека за три дена извозот на маслото за јадење скокнал за 109 отсто.

Тој рече дека во моментов имаат 800.000 тони пченица и еден милион тони пченка во резерви. Тој потсети дека годишните потреби се 1,2 милиони тони пченица, а жетвата допрва доаѓа во август.

Регион

Хрватскиот суд донесе историска пресуда – геј-паровите од сега ќе може да посвојуваат деца

Објавено пред

Високиот управен суд на Хрватска ја отфрли жалбата на надлежното Министерство и им овозможи на истополовите парови да можат да пристапат до проценката за посвојување деца, а, како што се наведува, тие не можат да бидат дискриминирани врз основа на нивната сексуална ориентација.

dobivaj vesti na viber

Според организацијата Rainbow Color, Судот го отфрлил аргументот на Министерството дека истополовите двојки не треба да пристапуваат кон проценката за посвојување деца поради целта „заштита на интересите на детето“.

Оваа одлука судот ја донел во случајот со партнерите Младен Кожиќ и Иво Шегота, на кои сега им е дозволено да присуствуваат на постапката за посвојување на дете, соопштено е на прес-конференцијата во Загреб, пренесоа хрватските медиуми.

Кожиќ и Шегота пред шест години се пријавиле во центарот за социјална заштита во желба да станат посвоители, но во два наврати биле одбиени бидејќи се во животно партнерство. По долга правна битка во 2020 година, тие успешно станаа згрижувачки родители на две деца.

Минатата година првостепениот управен суд донесе одлука дека тие можат да станат и посвоители, а по жалбата на Министерството, одлуката на Вишиот управен суд конечно ги отстрани сите дилеми.

Шегота и Коџиќ на новинарите, меѓу другото, им кажаа дека се изгубени шест години и дека, како што велат, тоа е во душата на политиката.

„ Шестте изгубени години на тие деца одат во душата на политиката, која е во име на одбрана на т.н. традиционалните вредности, таа беше подготвена да го погази правото на семејство на деца кое општеството го заборави“ – изјавија Шегота и Кожиќ.

Организацијата Rainbow Colors објави дека оваа пресуда има далекусежни последици за правата на ЛГБТИК лицата и истополовите парови во Хрватска.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенечкиот парламент го потврди Роберт Голоб за премиер

Објавено пред

Словенечкиот парламент го потврди назначувањето на лидерот на Движењето за слобода, менаџерот Роберт Голоб, за премиер, кој парламентарците треба да го изберат следната недела.

dobivaj vesti na viber

Во средата за Голоб гласаа 54 пратеници, 30 беа против, а еден глас беше неважечки.

Пред гласањето Голоб изјави дека врз основа на големата доверба што му ја дале на изборите на 24 април, сака да им даде на Словенците надеж за подобра иднина и да им ја врати животната радост, пренесе „Хина“.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за мандатарот на идната влада, Роберт Голоб

Објавено пред

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа по предлогот за назначување на Роберт Голоб за мандатар на новата влада, што е прв чекор кон формирањето на извршната власт во земјата по изборите одржани на 24 април.

dobivaj vesti na viber

Голоб вчера го потпиша однапред усогласениот коалициски договор меѓу неговата партија Движење слобода со социјалдемократите на Тања Фајон и Левицата на Лука Месец изјавувајќи дека предвидените процедури за формирање и почетокот на работата на новата влада ќе бидат завршени веќе наредната седмица.

По потпишувањето на коалицискиот договор, Голоб рече дека бргу биле усогласени целите на работењето на новиот кабинет, но посочи дека со оглед на брзите промени на околностите, во иднина ќе биде неопходно постојано приспособување.

„Знаеме каде сме и каде сакаме да одиме, ќе реагираме на околностите“, рече идниот премиер наведувајќи ги притоа мерките поврзани со поскапувањето на енергијата и на храната и здравствените мерки со оглед на можен нов бран на Ковид-19 наесен.

Се очекува Голоб на собраниската седница да каже повеќе за акцискиот план на идната влада.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 минута

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние кои ги применувале, бидејќи како...

Македонија20 минути

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија56 минути

Ковачевски: Ги реализираме ветувањата, политиките на раст на платите и на животниот стандард продолжуваат

Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните е она на што останавме доследни и на што...

Македонија2 часа

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ3 часа

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа7 часа

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...

Европа7 часа

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...

Европа7 часа

Путин првпат ги посети ранетите руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин вчера првпат ги посети војниците во болница во Москва, три месеци по почетокот на офанзивата на...

Македонија17 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија19 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет20 часа

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија22 часа

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет1 ден

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија1 ден

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија1 ден

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија1 ден

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија1 ден

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија1 ден

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет1 ден

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...