Регион
Вучиќ: Не е убаво тоа што во Бујановац не се интонираше српската химна
На никого нема да му дозволиме да сонува соништа на сметка на нашата територија и виталните интереси на нашиот народ, порачал српскиот премиер Александар Вучиќ, коментирајќи ја посетата на албанскиот претседател Бујар Нишани на југот на Србија, пренесуваат српските медиуми.
„Од ништо не сме исплашени, отворена земја сме и секој е добредојден, но кон оној што ќе помисли дека може или смее да го наруши интегритетот на нашата земја, мојот одговор е да не го прави тоа и да не се ни обидува“, порачал Вучиќ.
Сметам дека постапивме на мудар и рационален начин, додал Вучиќ, наведувајќи дека албанскиот премиер бил дочекан како и секој гостин. Српскиот премиер рекол дека Србија умее да го пречека секој гостин, дека таму бил и претседателот на Координативното тело за југот на Србија Зоран Станковиќ, но забележал дека „не било убаво тоа што немало интонирање на српската химна“ на пречекот на Нишани./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
