Контакт

Регион

Вучиќ: Не одам во Загреб, во Хрватска се води хајка против мене

Објавено пред

Претседателот на Србија и лидерoт на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, одлучи да не учествува на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб закажан за 20 и 21 ноември и за ваквата одлука со писмо го извести претседателот на ЕПП, Јозеф Даул, објави српски „Блиц“.

Во писмото Вучиќ му се заблагодарува на лидерот на ЕПП за поканата да се обрати на конгресот во Загреб, на кој е поканет како претседател на СНС, а како причина за неговото недоаѓање ја наведува хајката што против него се води во хрватските медиуми, пренесе „Индекс“.

Вучиќ наведува дека подготвил сериозна анализа на настаните во регионот, како и на она што заеднички треба да се направи во наредниот период оценувајќи дека во последните неколку недели трае вистински медиумски прогон во речиси сите хрватски медиуми против неговото доаѓање.

„Би сакал да додадам, вистински причини за ваков вид хајка ниту имало ниту има, освен тоа што некои кругови во хрватското општество не може да се навикнат на силната улога на Србија и фактот дека Србија расте економски, а и политички не е веќе на колена“, вели Вучиќ.

Тој во писмото додава дека најважниот дел од неговата политика останува подавањето рака и отворената врата за подобри односи меѓу Србите и Хрватите и меѓу двете земји во иднина, но истакнува дека во никој случај не сака да влијае на понатамошното влошување на позицијата на Србите во Република Хрватска и дека поради наведеното, нема да присуствува на Конгресот на ЕПП во Загреб.

 

 

 

Регион

Фон дер Лаен во Тирана: Иднината на Албанија е во ЕУ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во Тирана рече дека Албанија постигна напредок во судските реформи и дека сега Брисел треба да го стори својот дел.

„Мојата порака е јасна. Иднината на Албанија е во ЕУ. Европската комисија е цврста во својата посветеност. Со добар напредок во реформите во судството, Албанија јасно ја исполни својата цел, сега останува на ЕУ да го направи својот дел“, објави Фон дер Лаен на „Твитер“.

Таа ја почна својата турнеја на Западен Балкан со посета на Тирана, за време на која ќе ги посети Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина како дел од подготовките за Самитот ЕУ – Западен Балкан, организиран од Словенија на 6 октомври.

По средбата со Рама, таа се сретна и со претседателот на Албанија, Илир Мета, а темата на разговор, како што пренесуваат агенциите, била европската перспектива на Албанија.

Прикажи повеќе...

Регион

САД ќе се ангажираат за намалување на тензиите во Косово

Објавено пред

САД, во соработка со ЕУ, НАТО и Белград и Приштина, ќе се обидат да преземат итни чекори за да ја запрат ескалацијата на тензиите на северот од Косово и Метохија, да овозможат понатамошен напредок на дијалогот под покровителство на ЕУ и да спречат негативно влијание врз секојдневниот живот, велат од Стејт департментот, објави „Танјуг“.

На прашањето на „Танјуг“ до Габриел Ескобар, заменик-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, дали очекува проблемот да биде решен на претстојната средба во Брисел, од Стејт департментот одговориле дека го поздравуваат доаѓањето на претставници на Белград и Приштина во Брисел и изразија надеж дека претставниците ќе отворат сериозен и директен дијалог со потврда дека Габриел Ескобар исто така ќе биде вклучен во бриселските разговори оваа недела.

„Неодамнешните настани покажаа дека разликите помеѓу Белград и Приштина, доколку не се надминат, негативно ќе влијаат на странските инвестиции и ќе придонесат за понатамошен одлив на мозоци, што ќе ги спречи економиите на Косово и на Србија да го реализираат својот вистински потенцијал, но исто така ќе ја спречи нивната понатамошна интеграција во европските институции“, се вели во одговорот на Стејт департментот.

САД ги повикуваат Белград и Приштина да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ и да ги решат сите спорови без одлагање, вклучително и оние поврзани со енергетиката и другите области, кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните, нагласувајќи дека САД немаат рецепт за решавање на проблемот.

Прикажи повеќе...

Регион

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

Објавено пред

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен земјотрес со јачина од над 5 степени според Рихтеровата скала.

Според Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот регистриран утрово бил со прелиминарна јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил на 23 километри југозападно од градот Ираклион, пренесува „Екатимерини“.

Стотици луѓе во регионот ја поминаа ноќта во шатори и паркови или спиеја во автомобили по вчерашниот земјотрес што го погоди Крит.

Во селото Аркалокори едно лице го загуби животот, најмалку 20 беа повредени, а десетици куќи и други згради беа оштетени.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Агент за недвижности од Скопје зел капар за станови, а парите си ги ставал в џеб

Полицијата поднесе кривична пријава против агент за недвижности од Скопје, кој зал капар за продажба на станови во изградба, но...

Свет3 часа

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува сѐ потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Граѓаните на Сиднеј, кои не се вакцинирани против коронавирусот, ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности. Според планот за...

Македонија4 часа

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија4 часа

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти...

Свет5 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион5 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија6 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија6 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија20 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија22 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа1 ден

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија1 ден

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија1 ден

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија1 ден

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Досие