Контакт

Регион

Вучиќ остро реагирал во телефонски разговор со Тачи во врска со косовската војска

Објавено пред

Српскиот премиер Александар Вучиќ во вторникот остро се спротиставил на ставот на косовскиот претседател Хашим Тачи околу формирање на косовска војска, со кој во телефонскиот разговор што го воделе останал на дијаметрално спротивната позиција околу ова прашање.

dobivaj vesti na viber

 

Во телефонскиот разговор српскиот премиер Александар Вучиќ предупредил дека формирање војска на Косово би донело дополнителна нестабилност за сите, дознава Радио-телевизија Србија (РТС), од кругови блиски на владата во Белград.

Во извештајот се наведува дека, сепак, е договорено продолжување на разговорите „за ситуацијата да не излезе од под контрола и за да се сочува мирот“.

Во вторникот претходно приштинскиот весник Gazeta Express ја пренесе изјавата на косовскиот претседател според којашто Хашим Тачи му го предал на претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели, негов близок партиски и соработник од разузнавачката служба, предлог на нов закон за Безбедносните сили на Косово, со коишто тие би требало да со трансформираат во косовска армија.

„Нашата нова, модерна, професионална и мултиетничка армија со поддршка на сите институции“, рекол Тачи.

Поранешната српска јужна покраина којашто во 2008 година еднострано прогласи независност, според планот на посредникот Махти Ахтисари, има право на вооружени сили кои ги преставуваат Безбедносните сили на Косово (KSF), кои се формирани од дотогашниот Косовски заштитен корпус, и кои се вооружени само со лесно вооружување и бројат 2.500 војници во активниот состав и 800 војници во резерва. Прераснувањето во вооружени сили беше најавено во Приштина во март 2014 година а требаше да заврши до крајот на 2016 година. Но Србија се спротиставува на тоа повикувајќи се на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Од кабинетот на српскиот премиер претходно соопштија дека причина за телефонскиот разговор меѓу Вучиќ и Тачи била важноста и посетата на високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини на западен Балкан.

Вучиќ и Тачи се согласиле „дека разговорите и дијалогот меѓу двете страни се од темелна важноста за зачувување на мирот и стабилноста, и ја истакнаа заедничката посветеност на имплементацијата на договорот од Брисел„, соопштено е од кабинетот на српскиот премиер./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ до Додик: Ти благодарам што не и го сврте грбот на Србија, некои веќе не ми се јавуваат

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека студентските протести во неговата земја се всушност резултат на заговор поттикнат од странство, додека претседателот на Република Српска, Милорад Додик му даде безрезервна поддршка, обвинувајќи ги студентите дека ја ослабуваат Србија.

dobivaj vesti na viber

Додик и Вучиќ организираа свечена академија во Бања Лука за заеднички да го прослават Денот на српската државност.

Во говорот за време на церемонијата на Бања Лука, Вучиќ тврдеше дека тој и неговата влада постојано подаваат рака за соработка, дека на ниту еден начин не ја загрозуваат Босна и Херцеговина и ги почитуваат нејзините жртви, но не добиваат ништо за возврат.

Тој, како што пренесуваат медиумите во соседството, изјави дека изминатите 100 дена му биле многу тешки, иако не се плаши од можно губење на власта, но индиректно ги обвини студентите кои протестираат дека се странски платеници.

„Не можевме да поверуваме колку пари се дадени однадвор за промена на власта во Србија“, рече Вучиќ и му се заблагодари на Додик што не ѝ го свртел грбот на Србија, за разлика од другите познаници на кои се жалел, велејќи дека откако траат протестите, тие сè помалку контактираат со него.

Прикажи повеќе...

Регион

Се менува кратерот на вулканот на Санторини, растат стравувањата за туристичката сезона

Објавено пред

Неодамна забележаните промени во вулканот на грчкиот остров Санторини, една од главните туристички атракции во светот, се резултат на земјотресите кои продолжуваат на архипелагот на Кикладските острови, изјави професорот по геологија Танасис Ганас, директор на Националната опсерваторија во Атина.

dobivaj vesti na viber

Атинската РТВ СКАИ јавува дека споредено со мерењата од пред шест месеци, во август 2024 година, било утврдено дека кратерот на вулканот се подигнал за четири сантиметри и дека се проширил на исток и запад за шест сантиметри.

„Не можам да кажам дека е алармантно, но тоа е важна промена и мораме да ја следиме“, рече Ганас.

Овие промени, објасни тој, се резултат на издигнувањето на магмата од длабочините на Земјата до комората на магмата, која се наоѓа на три километри под кратерот на вулканот на Санторини. Првите мерења покажуваат дека магмата се зголемила за пет милиони кубни метри, додека во последната криза на активноста на вулканот во 2011-2012 година таа се зголемила три пати повеќе – 15 милиони кубни метри, а набљудувањето мора да се продолжи за да се види како ќе се развива.

На Санторини се регистрирани повеќе од 15.000 земјотреси, чиј епицентар е недалеку, под морето, од кои најсилните биле над пет степени, а сеизмолозите претпоставуваат дека е можно да се случи земјотрес со јачина од шест степени.

Додека повеќе од 12.000 од вкупно 15.000 жители го напуштиле Санторини, расте стравот за туризмот, кој е главен извор на приход за тој остров со повеќе од три милиони гости годишно.

Февруари е неофицијален почеток на туристичката сезона на тој остров, бидејќи почнуваат да пристигнуваат бродови за крстарење и започнуваат подготовките за првиот наплив на странци во текот на годината, за Велигден.

Додека некои угостители сè уште работат, досега е откажано пристигнувањето само на еден брод за крстарење, но има и помалку резервации за сместување, изјави за Би-Би-Си Андонис Пагонис, претседател на Здружението на грчките хотелиери.

Санторини во голема мера се потпира на сезонски работници од другите делови на Грција и од странство, а сè уште не се знае колку ќе дојдат.

Покрај тоа, овој период од годината е време за градежни работи и годишно реновирање на хотелот, но сето тоа престана поради загриженоста за безбедноста од земјотресот.

Додека грчките власти брзо реагираа на опасностите од земјотресот со испраќање спасувачки и евакуациски тимови и воведување вонредна состојба за забрзување на помошта, локалното население бара и инвестиции во инфраструктурата на островот каде има мали, но значителни штети, а една од главните работи е побарувачката за изградба на ново пристаниште.

Санторини на Грција и носи 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) – 5,9 милијарди евра годишно.

Прикажи повеќе...

Регион

Обвинителството во БиХ: Мајката и детето, најверојатно, се убиени со задушување, се чека обдукција

Објавено пред

Како што соопштија од Обвинителството на кантонот Тузла, дежурниот обвинител и истражителите од секторот за криминалистичка полиција при МВР на кантонот Тузла синоќа извршиле увид на самото место во семеен стан во Калесија, каде што во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела, 37-годишна жена и нејзиниот 13-годишен син.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот за двојното убиство моментно е во бегство и по него се трага.

„Најверојатно жената и синот се убиени со задушување. Денеска, ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта. Во тек се сите потребни истражни дејства, кои по наредба на Обвинителството ги спроведуваат истражителите за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, соопшти Обвинителството, пренесе „Кликс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Борисов: Зборовите на Мицкоски се апсолутна провокација

Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација и на истите не треба да им се обрнува внимание. Ова...

Македонија13 часа

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што...

Македонија13 часа

АХВ изрече глоби во вкупна вредност од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава, на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај...

Македонија13 часа

СДСМ е против промена на државниот грб

СДСМ е против промена на државниот грб кој го носи континуитетот на НОБ, изјави претседтелот на партијата, Венко Филипче. „Ние...

Македонија14 часа

Уапсени кумановец и тетовец во големата полициска акција: дрогата требало да заврши во Турција

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера, на граничниот премин Богородица беа...

Македонија14 часа

Мисајловски во Брисел потврди дека Македонија ќе продолжи да вложува 2 отсто од БДП за НАТО

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот...

Топ17 часа

(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од...

Европа18 часа

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е изневерување и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Свет19 часа

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин на многу начини веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Европа19 часа

Европските сили: Мора да учествуваме во сите идни преговори за судбината на Украина

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, вчера рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори...

Свет20 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе почне нова војна во Појасот Газа, што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет20 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија откога во...

Свет20 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Македонија1 ден

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија2 дена

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија2 дена

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија2 дена

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија2 дена

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...