Регион
Вучиќ: Сакам гаранција дека Србија ќе биде во ЕУ во 2025 година ако потпишеме договор со Приштина

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека постигнувањето каков било договор со Приштина мора да подразбира дека Србија ќе добие гаранции и ќе стане членка на Европската Унија во 2025 година.
„Ако биде постигнато решение, тоа би требало да биде сопфатен договор што ќе ги вклучи не само односите меѓу Србите и Албанците во Косово туку би морал да го вклучи и решавањето на патот на Србија кон ЕУ и економскиот напредок“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тензични протести во Тирана: Приврзаниците на опозицијата се судрија со полицијата

Повеќе од илјада приврзаници на опозицијата се судрија денеска со полицијата на антивладините протести во Тирана, барајќи оставка на премиерот Еди Рама и вонредни избори.
Демонстрантите во еден момент се пробиле низ полицискиот кордон и се обиделе да упаднат во канцеларијата на премиерот. Во таа прилика, со метални шипки ги скршиле вратите на владината зграда и фрлале молотови коктели. Демонстрантите уништиле две големи уметнички инсталации пред зградата, но не успеале да влезат внатре, објави агенцијата АП.
Група демонстранти протестирала и против намерата на владата да изгради обиколница околу Тирана, а меѓу нив биле и станари чии куќи треба да се урнат поради овој инфраструктурен проект.
Полицијата фрлила солзавец за да ги потисне демонстрантите, а според Министерството за здравство, 15 лица се повредени, меѓу кои и седуммина полицајци.
Албанскиот претседател, Илир Мета, ги повика демонстрантите на воздржаност, а европските официјални претставници повикаа да се смират тензиите.
Регион
Во Тирана 2 000 полицајци ќе го обезбедуваат протестот на опозицијата

Албанската полиција за утрешните антивладини протести кои ги организира обединетата опозиција, ангажирала повеќе од 2 000 полицајци.
Од албанското МВР соопштија дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за да спречат ескалација на протестите.
Регион
Нова демократија: Изјавите на Рама се закана за безбедноста

Функционерот од грчката опозициска партија Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, регираше на тврдењата на албанскиот премиер, Ед Рама, дека Атина и Тирана се во преговори за потенцијални корекции на границите, истакнувајќи дека таквите тврдења се закана за безбедноста, пренесе АНА-МПА.
„Тврдењата на Рама за тоа дека преговара за границите со Грција, што е всушност дел од проектот за корекција на границите на Западен Балкан, претставуваат сериозна закана за стабилноста и безбедноста на регионот“, вели Кумуцакос.
Тој побара од грчката влада да појасни и да одговори дали е вклучена во разговори со албанските функционери за прекројување на границите помеѓу двете земји.
Истовремено, тој ја повика владата да заземе официјален став по повод изјавата за Рама во врска со корекцијата на границите во регионот.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал