Регион
Вучиќ сепак повикан на инаугурацијата на Путин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ добил покана за инаугурацијата на на рускиот претседател Владимир Путин на 7 мај во Москва. Како што пишува белградски „Блиц“, средбата со Путин најверојатно ќе се оствари на 8 мај или ден подоцна, на денот на победата, бидејќи Вучиќ на денот на инаугурацијата 7 мај ќе биде во официјална посета на Турција.
Вучиќ вчера изјави дека не добил покана за инаугурацијата на рускиот претседател. На претседателските избори во Русија на 18 март, Путин победи со 79 отсто гласови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Обвинителството во Албанија гони 17 лица по земјотресот – се градело без почитување на стандардите

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51 лице во земјотресот со јачина од 6,4 степени минатиот месец кога се срушија десетици згради, соопшти полицијата, додавајќи дека денеска девет лица се уапсени.
Полицијата и обвинителите наведуваат дека првичните истраги покажале оти една од причините за жртвите во срушените згради е тоа што градителите, инженерите и инвеститорите не се придржувале кон безбедносните правила, норми и стандарди за градење, пренесува „Ројтерс“.
Од деветте уапсени лица, двајца се сопственици на два хотели кои се срушија во Драч кога загинаа четири лица, а третиот е менаџер на хотели кој бил наменет за одмор на полицијата и во којшто загина високо рангиран полициски службеник.
Од полицијата велат дека и двата хотели крај брегот на Јадранското Море биле изградени нелегално.
Се наведува и дека дел од 17-те лица што ги бара обвинителството избегале по земјотресот на 26 ноември.
Регион
ЕУ најави донаторски собир за обнова на Албанија по земјотресот

Европската комисија објави дека членките на ЕУ се согласиле да одржат донаторски собир во Албанија во јануари, со цел да се соберат парични средства за реконструкција на земјата по земјотресот во кој загина 51 лице.
Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајзен рече дека членките на ЕУ ветиле дека ќе помогнат во долгорочната реконструкција, пренесува АП.
Во земјотрес со јачина од 6,4 степени што се случи минатиот месец, повеќе од 13.000 луѓе останаа без покрив над главата, а над 14.000 згради беа оштетени.
Албанија побара меѓународна финансиска помош за реконструкција, која треба да биде завршена до крајот на 2020 година. Владата на Тирана одвои 117 милиони американски долари за таа цел.
Регион
Во Грција спасени 125 мигранти од морето

Грчката крајбрежна стража спаси 125 мигранти и бегалци од морето во последните 24 часа, соопштија властите.
Мигрантите, како што се наведува, биле пронајдени во регионите на Александрополис, Лезбос и Кос.
Исто така, 247 други мигранти се распоредени на пет грчки острови, но не се наведени детали, пренесува агенцијата АНА.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми