Регион
Вучиќ: Ќе мора да се вакцинираме секоја година

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека секоја година ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот.
„Од 1 април тука ќе работи производствениот погон на кинеската ‘Синофарм’. Познавајќи го нашиот пријател Шеик Мохамед, можеме да обезбедиме доволен број вакцини за нашите граѓани“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е многу важно луѓето да се вакцинираат, особено поради новите соеви на вирусот. Според него, прашањето за вакцинација станува едно од клучните прашања на националната безбедност. Нагласи дека ова ги заштедува здравјето и животот на луѓето, но и економијата.
„Секое затворање нè чини, 190 милиони долари за еден ден“, рече тој додавајќи дека се важни набавките за вакцини, а уште поважно е стратешкото обезбедување вакцини за населението.
„И да ги вакцинираме сите во нашата земја, ако во регионот имаат проблем, ќе имаме и ние“, предупреди Вучиќ.
Тој нагласи дека ќе биде чудесно ако фабриката за вакцини почне да произведува најдоцна до 15 октомври.
„Вакцините ‘спутник В’ веќе работат со ‘Торлак’, верувам дека ќе можеме да ги произведуваме. Ако го сториме тоа, ќе се обезбедиме долгорочно“, рече српскиот претседател.
Според него, важно е дека Србија успеа бргу да изгради две нови ковид-болници.
„Што ќе правевме сега без нив, ќе собиравме луѓе во вреќи. Каде ќе ги чувавме ако не набавевме опрема“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Од денеска во Словенија дозволени патувања меѓу регионите и отворени театрите и кината

Од денес словенечките граѓани можат да патуваат меѓу регионите, а некои културни настани се дозволени со одлука на владата, сепак, собранието го намали бројот на луѓе собрани на отворено од 100 на 10 лица, пренесе агенцијата СТА.
Воведено е дополнително ограничување – едно лице мора да има 30 квадратни метри затворен простор, а 10 квадратни метри на отворено и растојанието помеѓу две лица не смее да биде помало од еден и пол метар.
Истите рестриктивни мерки во врска со просторот што мора да ги има едно лице се однесува и за музеите и библиотеките, кои се отворени веќе некое време.
Владата ги изненади граѓаните дозволувајќи отворање театри и кина, под ограничувачки мерки, додека вработените мора да се тестираат за Ковид-19 еднаш неделно, освен ако не биле ревакцинирани или заразени со вирусот
Регион
Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра инфраструктура, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
Сепак, тој истакна дека кога ќе го каже тоа, ги слуша луѓето како велат дека не му веруваат.
„Па, јасно ми е дека е потребно време да докажеме дека сме искрени“, рече Вучиќ, зборувајќи во серијалот разговори во организација на Атлантскиот совет, нагласувајќи дека тој во повеќе наврати одговорал на прашањето дали ќе има војна.
„На луѓето им е доста од војна, затоа го напуштија овој регион во изминатите 25 години, а сега гледаме дека полека се враќаат. Ни требаат млади, талентирани и паметни луѓе да се вратат, а не нови војни и нестабилност“, рече Вучиќ.
Според него, само будали мислат дека воена реторика ќе им донесе победа на избори.
„Ние нема да го дозволиме тоа. Дури и ако некој сака да војува, нема да војува со нас. Можеме да го гарантираме тоа“, истакна српскиот претседател.
Прашањето за можни нови војни и поделби во регионот последниве денови е поттикнато од објавувањето на наводниот нон-пејпер за поделба на БиХ, што му се препишува на словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој, пак, жестоко го отфрли документот. Вучиќ деновиве беше и во Бања Лука, каде исто така рече дека одбива да размислува за нови војни на Балканот. Тој претходно кажа дека не го видел наводниот нон-пејпер.
Регион
Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, пред неговата посета на Приштина и Белград.
Борбата против пандемијата на Ковид-19 и продолжување на дијалогот – ова ќе бидат централните теми во разговорите на германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во Приштина и Белград денеска и утре.
„Пандемијата на коронавирусот уште еднаш ни покажа колку се тесно поврзани судбините на Германија, Европската Унија и Западен Балкан. Никој во Европа не останува недопрен од успехот и неуспехот на нивните соседи. Фактот дека сега можеме да го делиме растечкиот напредок во вакцинацијата во ЕУ со земјите од Западен Балкан е клучен момент во заедничката борба против вирусот“, велат од кабинетот на германскиот министер додавајќи дека ќе разговараат и за тоа како до справување со економските и социјалните последици од пандемијата.
Кога станува збор за дијалогот, Мас нагласува: „Сè уште нерешените односи меѓу Србија и Косово го забавуваат развојот на двете земји и на целиот регион, а со тоа и натамошното приближување кон Европската Унија“. Затоа сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме дијалогот меѓу двете земји, кој е модериран од Европската Унија. Доаѓањето на новата влада во Приштина е добро време за тоа. Во исто време, со отворање нова амбасада во Белград, ние јасно инвестираме во нашите односи со Србија“, истакнал Мас.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?