Регион
Вучиќ: Ќе се бориме заедно за европска иднина почитувајќи се себеси

Србија денеска даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно ништо не се случи. Ова е неопходно затоа што двете земји направија сè. Благодарност до сите што ја поддржаа нашата земја. Повеќе од 20 лидери нè слушаа неколку часа, а јас сум му благодарен и на Макрон за иницијативата за нова политичка заедница. Тоа е единствениот начин да бидеме чуени, нашите европски колеги да нè чујат. Благодарен сум им и на Рама и на Ковачевски затоа што беа фер кон Србија, покажаа почит“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по самитот за Западен Балкан.
„Во Хрватска објавија дека поради Украина се вршел притисок врз Вучиќ. Нема да кријам дека јас бев меѓу последните што зборуваа и посочував прашања. Сакам да потсетам што се случуваше во последните четири месеци. Врз основа на информациите што ги добив, објавени се 2.000 написи во европските медиуми за Србија и за тоа како Србија ги загрозува целиот регион и мирот во БиХ, Косово, но потоа ништо не се случи“, објаснува Вучиќ.
„Ќе се бориме заедно за европската иднина почитувајќи се себеси и верувајќи дека заедно можеме многу“, порача Вучиќ.
Тој додаде дека е должен да ги спроведува препораките на Советот за национална безбедност и да ги штити интересите на нашиот народ.
„Мислам дека ќе успееме заедно да ги решиме тешкотиите како онаа што ѝ е наметната на Северна Македонија. Сакавме сами да се грижиме за нашиот регион, тоа беше идеја. Некој рече дека тоа е идеја на Путин, а јас никогаш не разговарам со него за тоа. Зошто би било потребно? Никому не му требаше, освен нам. Конечно, сакам да им се заблагодарам на моите европски колеги за нивното трпение. Знам дека денес е одличен ден за нив. Разбирам дека Димитар и Еди се пофрустрирани од мене, но мислам дека работите може да се свртат кон подобро до септември. Ќе спроведеме реформи во областа на правото и другите области“, додаде Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Јоксимовиќ: Кога Србија ќе влезе во ЕУ, ќе мора да воведе санкции за Русија

Јадранка Јоксимовиќ – српската министерка за евроинтеграции изјави дека кога Србија ќе стане членка на ЕУ ќе мора да се усогласи со политиката на ЕУ во однос на воведувањето санкции против Русија.
„Единството на сите во ЕУ и меѓу кандидатите е инструмент што ја ослабува Русија, бидејќи се избегнува глобален конфликт што би го одвел светот во колапс“ – изјави Јоксимовиќ во интервју за српски „Курир“.
Таа смета дека новата Влада ќе ги забрза реформите и европскиот пат на Србија.
„Во текот на следната година ќе го имаме подготвено кластерот два – внатрешен пазар и пет – кохезија, ресурси и земјоделство. Кластерот три – инклузивен раст и конкурентност е веќе подготвен, а кластерот еден – владеење на правото и четири – зелена агенда и одржливо поврзување се веќе отворени. Останува кластерот шест во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика“ рече Јоксимовиќ и додава дека „Србија според старата методологија на ЕУ поминала половина од преговарачката работа, а според новата Србија е единствената што ги забрзала преговорите“.
Регион
Деветгодишно момче загина од удар на гром во Црна Гора

Во селото Краденик, во Црна Гора во саботата околу 18:00 часот од удар на гром во големо невреме загинало деветгодишно момче А.Ф. а едно женско лице било повредено, но не побарало лекарска помош, јавуваа тамошните медиуми.
Како што информираат од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа на Црна Гора, момчето загинало додека вршело земјоделски работи.
Веднаш по веста за ударот на гром, на местото на трагедијата пристигнала екипа на итната помош, но лекарите го пронашле детето без знаци на живот, па не помогнала ниту реанимацијата која следела.
Несреќното момче му помагало на семејството кое го собирало сеното на ливадата, кога почнало невремето.
Македонија
Асен Василев: „За македонското прашање си ја завршивме работата“

„Ние ја завршивме нашата работа за македонското прашање“, изјави во Бугарија Асен Василев, кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“, пренесуваат бугарските медиуми.
„Колегите од Република Северна Македонија сметаат дека овој предлог е пробугарски“, рече Василев на излезот од средбата за коалициски преговори, одговарајќи на новинарско прашање.
„Треба да бидеме задоволни со тоа што овој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“, нагласи Василев.