Регион
Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија.
Како што се наведува во неговата објава на Инстаграм, тоа би овозможило сами да произведуваат доволно вакцини за српското население.
View this post on Instagram
„Грчевито се бориме, многу е тешко да се набават вакцини. Се надевам на добра вест следната недела. Светскиот поредок и односите меѓу земјите никогаш не се менувале како сега во време на корона. Затоа за нас е важно годинава да добиеме што повеќе вакцини, да бидеме вредни. Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини за да можеме сами да произведеме доволно вакцини за нашето население“, напиша Вучиќ.
Српскиот министер за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, вчера ги посети производствените капацитети на најголемиот руски производител на вакцини „Спутник V“. Tој рече дека почнале официјални разговори за производство на таа вакцина на територијата на Србија.
„Благодарение на претседателот Вучиќ, руската страна веднаш одговори на нашето барање руската вакцина ‘Спутник V’ да се произведува во Србија, а од највисокото ниво во рускиот државен врв беше наредено да се најде начин да се воспостави производство на оваа вакцина во Србија што е можно поскоро“, рече Поповиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Внукот на Тито осуден на затворска казна во Белград

Едвард Броз (70), еден од внуците на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, е осуден во отсуство во Високиот суд во Белград на осум месеци затвор, објави „Танјуг“.
Тој е осуден за сообраќајна несреќа во 1992 година, во која загина негов пријател.
Едвард Броз е осуден во отсуство бидејќи тој е во бегство од 2008 година и наводно живее во Загреб.
Тој побегна во Хрватска веднаш по несреќата во Земун, но беше уапсен 16 години подоцна на 21 јануари 2008 година на граничниот премин Батровци кога се обиде да влезе во Србија.
По три дена, тој беше ослободен да се брани од слобода, но му беше одземен пасошот и му беше наредено да се јавува во полиција на 15 дена.
На крајот на март 2008 година Броз се појави на почетокот на судењето пред Високиот суд во Белград и ги презентира одбраната и каењето за смртта на својот пријател, но тој повторно избега.
Поточно, тој не се појави на рочиштата во мај, јуни и во септември 2008 година, па судот издаде меѓународна потерница за него во октомври истата година.
Случајот беше одложен во Високиот суд во Белград, но судењето почна во негово отсуство на почетокот на минатата година.
(Фото: „Танјуг“)
Регион
Во Србија 4.091 новозаразен со коронавирус, 17 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 13.596 лица за коронавирус, од кои 4.091 биле позитивни, додека починале 17 лица.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 176 лица на апарати за дишење.
Денес се одржа состанок помеѓу министерот за здравство, Златибор Лончар, и директорите на ковид-болниците, по што беше речено дека здравствениот систем е пренапрегнат и дека бројот на пациентите кои се примаат во болниците е многу поголем отколку оние што се отпуштаат.
Исто така, беше речено дека пациентите од Белград, бидејќи се полни капацитетите, ќе бидат пренесени на лекување во ковид-болницата во Крушевац.
Регион
Нов земјотрес ја погоди Хрватска, а потоа следеше уште еден

Нов земјотрес ја погоди Хрватска, а потоа следуваше и друг, јавуваат хрватските медиуми.
Земјотресот, кој бил со послаб интензитет, се случил околу 13:45 часот, во централниот дел на Хрватска.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 25 километри југозападно од Сисак.
Хрватските граѓани во изјави за тамошните медиуми велат дека го почувствувале земјотресот во Загреб, Сисак.
Набргу по првиот, Хрватска ја погоди уште еден, посилен земјотрес. Тој бил со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, пренесува ЕМСЦ.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“