Контакт

Регион

Вучиќ: Ќе се повлечам ако СНС ги загуби изборите, не сакам да ја делам власта со опозицијата

Објавено пред

Завршувањето на предизборната кампања во Србија неделава беше одбележано со пораката на српскиот претседател Александар Вучиќ дека доколку загуби владејачката Српска напредна партија (СНС), за која тој отворено лобира од самиот почеток, тој ќе се повлече од местото шеф на државата затоа што не сака да ја дели власта со опозицијата.

Предвремените парламентарни избори, веќе вообичаени за повеќе од една деценија владеење на СНС, се најавени за 17 декември.

Вучиќ од самиот почеток на кампањата отворено ја промовираше листата на Српската напредна партија наречена „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“, на која и го „позајми“ името за изборите, откако формално се повлече од челото на СНС во мај.

„Доколку листата на СНС ги загуби парламентарните избори, ќе се распишат претседателски избори следната година, кога тоа ќе го посака новата влада, во мај или септември“, рече Вучиќ синоќа во емисијата „Ќирилица“ на српската ТВ Хепи.

Тој рече дека нема да „учествува во власта без легитимитет“, потсетувајќи дека вториот претседателски мандат го добил со околу 2,3 милиони гласови.

„Ако народот сака промена на власта, за точно шест дена ќе бидам првиот што ќе и честитам на опозицијата и ќе кажам: „Не сакам да владеам заедно со вас“, рече Вучиќ, обвинувајќи ја опозицијата дека не и посакува добро на Србија.

„Знам дека ќе ја срушите државата, знам какви капацитети, знам какви соништа имате, а што немате“, додаде тој.

Овој став го додаде на претходните пораки во кампањата дека опозицијата нема друг план и програма „освен да го урне Вучиќ“.

Остануваат уште пет дена до гласањето, а досегашните испитувања на јавното мислење покажуваат дека СНС има предност, но недоволна за „апсолутниот поединечна победа“, која Вучиќ ја бара од поддржувачите во речиси сите секојдневни предизборни средби.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

Норвешка покрај Португалија, од Групата 4, ќе игра во четвртфиналето, во Лигата на нации. Норвежаните со спектакуларен пресврт и гол...

Спорт4 часа

Митревски го режираше пресвртот во Битола – Пелистер го победи Гумерсбах

Пелистер го победи Гумерсбах со 29:28 (9:14), во четвртото коло во Европската лига. Со првата европска победа оваа сезона, Пелистер...

Свет5 часа

Објавена е листата на најстресни градови во светот

Њујорк го освои првото место на листата на најстресни градови во светот, со оценка од 7,56 од максимални 10, според...

Свет5 часа

Херцог: „Ја штитиме Европа од џихадистичкиот бран“

Израел ја брани Европа од џихадистичкиот бран, изјави денес претседателот на земјата Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер...

Свет5 часа

Руски дрон над главниот град на Молдавија; Претседателката: Закана за цела Европа

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека руски дрон летал над главниот град Кишињев и најави дека ќе побара дополнителни...

Свет5 часа

Украинскиот министер за одбрана: Главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, размената на ракети е неопходна

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денес изјави дека главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, како...

Свет6 часа

Захарова: Странските војници во Украина би биле легитимна цел на руската армија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното распоредување на француски војници во Украина би...

Свет6 часа

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин

Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната...

Спорт6 часа

(Видео) Спектакуларен меч на Кипар – Олимпијакос го победи Макаби

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Макаби со 97:95 во 12-то коло од Евролигата, по спектакуларни 45 минути кошарка. Олимпијакос повторно...