Контакт

Регион

Германија им помага на косовските безбедносни сили со половина милион евра

Објавено пред

Германска влада им додели помош од 500.000 евра на косовските безбедносни сили за набавка на медицински материјали и опрема, преносува РТС.

Спогодбата за донација ја потпишале во косовското Министерство за одбрана вршителот на должност генерален секретар, Фарук Геци, и германскиот амбасадор во Приштина, Кристијан Хелт.

Како што се наведува во соопштението од Министерството, косовските безбедносни сили со донацијата од германската влада планираат да ги подобрат капацитетите на својот медицински центар и да купат опрема што ќе придонесе за изградба на медицински капацитети и услуги.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија 71 нов случај на коронавирус, досега починаа 8 лица

Објавено пред

Во Србија во изминатите 24 часа 71 лице се позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број заразени се искачи на 528 лица.

Во земјата вкупно 45 лица се водат како тешки случаи и се ставени на респиратор, а 42 лица се отпуштени од болниците, кога вторпат се тестирале на коронавирусот и нивниот тест бил негативен.

Денеска почина уште едно лице, со што бројот на починати во земјата се искачи на 8 лица.

Во Србија коронавирусот е регистриран во 35 града, а најмногу заболени има во Белград.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Албанија само еден член од семејството ќе може да пазари со посебна дозвола, сите пензионери во карантин

Објавено пред

Од понеделник со специјална дозвола, само еден член од семејството ќе може да излегува по еден нас со цел да ги набави потребните продукти, одлучи владата во Албанија.

Истовремено, се воведува и целосен карантин за пензионерите и повозрасните лица.

Премиерот Еди Рама соопшти дека освен оние што мора да одат на работа, од понеделник никој нема да излегува од дома и да пазари без дозвола, која ќе се добива по електронски пат. Тој рече дека пензионерите што ќе аплицираат ќе бидат одбиени бидејќи се најзагрозена категорија.

Во Албанија досега од коронавирус заразени се 186 лица, 31 е излекуван, а 8 починати.

Прикажи повеќе...

Регион

Турција ги евакуира мигрантите од границата со Грција

Објавено пред

Турските власти денеска евакуираа стотина мигранти кои чекаа на границата кон Грција во надеж дека ќе стигнат до Европа во време на епидемијата на коронавирусот, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“.

Мигрантите што чекаа на граничниот премин во провинцијата Едирне со автобуси беа пренесени до државни пансиони, каде што ќе бидат сместени во карантин, пренесе „Ројтерс“.

По истекот на карантинот, тие ќе бидат пренесени во други региони на Турција. Нема информации за тоа колку луѓе се пренесени од граничниот премин, но се проценува дека 2.000 лица престојувале во импровизирани кампови во близина на границата.

Во Турција досега има 75 починати од коронавирус и 3.629 се заразени. Засега не се знае дали некој од мигрантите, кои се наоѓаат на границата со Грција, е заразен со коронавирус.

Грција го поздрави развојот на настаните како важна работа за Грција и Европа пофалувајќи ја способноста на властите да ги сочуваат копнените и морските граници.

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, за време на телекомуникациите со министрите за ситуацијата на границата рекол дека грчките власти утврдиле дека импровизираниот камп е демонтиран и дека тие што биле на границата Еврос се преместени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија4 часа

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија4 часа

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија4 часа

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Свет4 часа

Како ќе заврши коронавирусот – руски епидемиолог објави три сценарија

Кинезите за сузбивање на коронавирусот презедоа мерки без преседан и организираа карантин каков што досега не е виден во историјата...

Македонија6 часа

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Македонија6 часа

Регистрирани 18 нови случаи на заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив,...

Свет7 часа

(Видео) Британскиот премиер, Борис Џонсон, позитивен на коронавирус

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја...

Свет8 часа

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

Од 3 до 10 проценти од пациентите со Ковид-19 повторно биле позитивни на коронавирусот откако биле излекувани и отпуштени од...

Свет9 часа

Вчерашниот ден најсмртоносен од почетокот на пандемијата

Бројот на заразени со коронавирусот во 202 земји и територии ширум светот вчера надмина половина милион, при што САД ја...

Свет10 часа

Во САД најмногу заболени од коронавирус во светот

Во САД бројот на потврдени случаи на коронавирус се искачи на 85.612, што е најголем број отколку во која било...

Свет10 часа

Во Италија за 24 часа починале 712 лица, голем пораст на новозаболени со коронавирус

Италијанскиот северен регион Пијемонт соопшти дека 50 лица во тој регион починале од коронавирус во изминатите 24 часа, број кој...

Свет11 час

Јужна Кореја: 96-годишна жена е најстарата пациентка во земјата излекувана од коронавирус

Деведесет и шестгодишна жена во Јужна Кореја стана најстариот пациент во земјата што целосно закрепна од новиот коронавирус, објави Си-ен-ен....

Македонија11 час

Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана

Европските лидери синоќа ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи,...

Свет1 ден

Бројката на заразени од коронавирус во светот надмина половина милион

Повеќе од половина милион случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во светот до денеска. Според Worldometers.com, до објавувањето на...

Свет1 ден

Најстариот пациент во Италија го победи коронавирусот

Еден од најстарите пациенти во Италија заразен со коронавирус, маж на возраст од 101 година, се излекува од вирусот, објавија...

Свет1 ден

САД го обвинија Мадуро за наркотероризам и нудат 15 милиони долари за негово апсење

САД го обвинија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, за наркотероризам. Американските власти нудат 15 милиони долари за информации што би...

Македонија1 ден

Уште едно медицинско лице од Клиниката за кожни болести заразено со вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти за уште еден нов пациент, дел од персоналот на Клиниката за кожни болести во...

Македонија1 ден

Градоначалникот на Велес превентивно во изолација, неговата сопруга прегледувала двајца од заразените

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, од вчера е во домашна изолација поради тоа што неговата сопруга прегледувала двајца од тројцата...

Македонија1 ден

Западен Балкан бара помош од ЕУ: „Овозможете да се приклучиме кон набавката на медицинска и заштитна опрема“

Со писмо адресирано до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, претседателите...

Досие