Контакт

Регион

Германските војници бараат отштета поради осиромашениот ураниум на Балканот

Објавено пред

Поранешните германски војници бараат отштета поради изложеност на осиромашен ураниум користен за време на војните на Балканот и во Ирак поради што фракцијата Алтернатива за Германија во Бундестагот побара мислење од германската влада.

Порталот „Т-онлајн“ наведува дека околу 220 војници барале отштета поради изложеност на ураниум и повторно се актуализирани дискусиите за тоа колку споменатата муниција е штетна за здравјето, пренесува бањалучки „Независне новине“.

Во својот одговор на 12 август германската влада истакна дека сите барања биле одбиени во текот на изминатите години затоа што, како што беше истакнато, не е докажано дека германските војници претрпеле какви било здравствени последици од контакт со оваа муниција, која се користела првенствено во противтенковски авионски бојни зрна наменети за уништување оклоп.

„Резултатите од студијата за влијанието на осиромашениот ураниум покажуваат дека нема речиси никаков ризик од радијација на местата каде што се користи оваа муниција, а токсиколошките ризици може да произлезат само од вонредни околности, кои досега не се пријавени“, се вели во соопштението објавено на страницата на германската влада.

Регион

Грција бара предвремена отплата на долгот кон ММФ

Објавено пред

Грција побара предвремена отплата на дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд. Грчкиот министер за финансии, Христос Стајкурас, изјави дека тоа го побарал од европските доверители.

Стајкурас рекол дека предвремената отплата на заемот на ММФ ќе ги намали трошоците за сервисирање на долгот за околу 70 милиони евра.

Според него, просечната годишна каматна стапка на заемите од ММФ е 4,9 проценти и Грција во моментов може да позајмува поевтини на пазарите, бидејќи каматата на грчките десетгодишни обврзници е 1,6 проценти.
Грција му должи на ММФ околу девет милијарди евра по повеќекратни програми за помош.

Многу повеќе Атина им должи на европските доверители кои мораат да одобрат предвремена отплата.

Прикажи повеќе...

Регион

Курц: Австрија ќе поддржи корекција на границата ако Белград и Приштина се договорат

Објавено пред

Австрија ќе ги поддржи сите решенија што ќе бидат договорени во дијалогот меѓу Белград и Приштина вклучувајќи и корекција на границата. Ова во интервју за „Танјуг“ го изјави лидерот на австриската Народна партија (ОВП) и австриски канцелар, Себастијан Курц.

„Нашиот став е јасен. Го подддржуваме сето она за што ќе се договорат страните, па така и можните корекции на границите ако тоа води до сеопфатно решение, што би донело поголема стабилност. Целта мора да биде решавање на сите отворени прашања преку дијалог“, објасни  Курц.

Тој нагласи дека дијалогот меѓу Белград и Приштина мора повторно да се поттикне и сите отворени прашања да се решат на преговарачка маса.

На прашањето дали ЕУ воопшто има сила да го реши косовскто прашање и дали има влијание врз Приштина, која не реагира на апелите од Брисел да ги укине таксите, Курц рече дека ЕУ има разни можности да дејствува, но дека на крајот е неопоходно во Белград и Приштина да постои политичка волја за компромис.

Прикажи повеќе...

Регион

Лајчак: Ниеден народ во БиХ не смее да биде исфрлен од игра

Објавено пред

Претседавачот со ОБСЕ, Мирослав Лајчак, изјави дека БиХ мора да го задржи принципот дека еден народ не може да биде прегласан и исфрлен од игра зашто тоа би било опасно за земјата, пренесува „Спутник“.

„Ако сакате да ја зачувате БиХ, еден народ не може да биде прегласан и и исфрлен од игра“, рече Лајчак.

Лајчак нагласи дека е поминато времето кога, наместо политичарите во БиХ, одлуките ги носеше меѓународната заедница и истакна дека целта не е продолжување некаков меѓународен протекторат, туку да се помогне БиХ да стане целосно самостојна.

Словачкиот шеф на дипломатија за „Вечерњи лист“ изјави дека во овие сфери е постигнат успех кога САД и ЕУ нашле заеднички јазик и настапиле координирано.

Тој смета дека е добар сигнал именувањето на Метју Палмер за специјален американски претставник за Западен Балкан зашто САД имаат авторитет во овој регион.

„Од друга страна, ни американскиот пратеник не може да понуди ништо подобро од европската перспектива, така што именувањето на Палмер го доживува како еден импулс за ЕУ повеќе да се активира“, посочи Лајчак.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет8 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија10 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија16 часа

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија16 часа

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија16 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет19 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија19 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија19 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион19 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ20 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет20 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет21 час

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион1 ден

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион1 ден

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија1 ден

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија2 дена

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија2 дена

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет2 дена

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија2 дена

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Досие