Регион
Голема полициска акција во Србија, на мета педофилите

Српската полиција, како што пренесува Б92, на целата територија на Србија, спроведува голема акција на апсење на педофили.
Акцијата Армагедон, според белградските медиуми, започнала уште во понеделникот и досега се уапсени три осомничените лица.
Агенцијата Бета јавува дека полицијата во Баина Башта го уапсила М.Ѓ.(20), кој во текот на февруари сексуално злоставувал 13-годишно малолетно девојче.
На притворениот му е одреден 48-часовен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Граѓаните на Турција бесни на властите: „Тука нема ниту еден човек, никој не помага“

Во Турција граѓаните се сè полути поради, како што велат, бавната и неадекватна реакција на владата на разорниот земјотрес, во кој досега загинаа повеќе од 8.000 луѓе. Спасувачите ги пребаруваа урнатините во текот на ноќта, а беа попречени од студот, уништените патишта и лошата инфраструктура.
На снимките од воздух се гледа како тие ги пребаруваат урнатините на куќите во селото Салќин во провинцијата Идлиб, барајќи жртви и преживеани. Турскиот претседател Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции. Но, некои жители на градовите погодени од земјотресот изразија гнев и очај поради бавниот одговор на властите на најсмртоносниот земјотрес што ја погоди Турција во последните децении.
„Овде нема ниту еден човек, никој не помага. Снег врне, бездомници сме, без ништо. Што да правам, каде да одам“, изјави за „Ројтерс“ Мурат Алинак, чиј дом се урна во Малатја.
Жителите на градот Газиантеп наведуваат дека 12 часа по земјотресот не пристигнала ниту една спасувачка екипа и дека морале сами да ги пребаруваат урнатините. Кога спасувачите конечно дошле во понеделникот вечерта, работеле само неколку часа, а потоа паднала ноќта, пишува „Гардијан“.
Многу Турци го изразија својот гнев на интернет поради, како што рекоа, невнимателниот одговор на итната состојба во најјужната провинција Хатај, при што многумина се жалат дека спасувачите не успеале да стигнат до областа. Во Хатај, земјотресот срамни со земја неколку владини згради, вклучително и локалниот огранок на турската агенција за помош при катастрофи, АФАД.
Регион
Над 7200 загинати во Турција и Сирија, бројот постојано расте

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 7.200, а десетици илјади луѓе се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани. Во текот на утрото Турција беше погодена од два нови силни земјотреси – првиот беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој се случи околу 08:50 часот, беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарас на југоисток, на околу 60 километри воздушна линија од сириската граница. Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето исто така на југоистокот на Турција се случи уште еден со јачина од 7,5 степени.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 погодени провинции. Ќе трае три месеци.
Македонија
Гази Баба доделува 500.000 денари за помош на Турција и Сирија

Советот на општина Гази Баба донесе одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија.
„ Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на мој предлог, едногласно Советот донесе Одлука за определување на финансиска помош во висина од 500.000 денари за настраданото население во Турција и Сирија.
И благодарам на претседателката на Советот Дијана Илиевска за итното прифаќање на моето барање и свикување на седницата за краток рок.
На почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадовме почит на загинатите во земјотресот.
Гази Баба ќе продолжи да помага! – напиша Стефковски.