Контакт

Регион

Гочев: Ставот на Бугарија е јасен, македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот!

Објавено пред

Димитар Гочев од бугарската владејачка партија Продолжуваме со промените утринава во интервју за емисија на БНТ вели дека „ќе има јавна, видлива дебата за сите, во која ќе се разговара за сите гледишта и ќе се донесе конечна одлука дали да се прифати францускиот предлог или да се одбие во однос на Република Северна Македонија. Не сум го видел текстот. Мора да останеме на ставот што го имавме досега“.

dobivaj vesti na viber

„Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот. Бугарија и понатаму има право на вето и во секое време може да го блокира членството на Република Северна Македонија во Европската Унија“, смета Гочев.

За ставот на претседателот Румен Радев на оваа тема, Гочев смета дека во најлама рака е чуден.

„Не може да се зборува за предавство кога сè уште не е донесена одлука. Можеби околу претседателот има советници што му даваат информации што не се точни. Тој првин рече дека премиерот не може да носи такви одлуки, но сега вели дека не може да дозволи Народното собрание да ги носи овие одлуки. Ова е многу чуден став“, рече Гочев.

Регион

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

Објавено пред

Соседна Грција одредила притвор за 59-годишен српски државјанин, кој е уапсен по европска потерница од хрватските власти поради воени злосторства направени од 1991 година, објави грчката новинска агенција АНА.

dobivaj vesti na viber

Србинот е уапсен минатата недела на граничниот премин Евзони додека со семејството патувал на одмор во Платамона.

Според документацијата на хрватското Обвинителство, обвинет е за соучесништво во воените дејства пред 31 година, при што била уништена инфраструктура и загинале цивили во хрватските места Вочин и Хум.

Тој негира дека сторил воени злосторства и тврди дека бил само обичен војник и извршувал заповеди.

Прикажи повеќе...

Регион

Лајчак: Итно да се реши прашањето со исчезнатите

Објавено пред

„Итно решавање на судбината на над 1.600 луѓе што се водат како исчезнати. Сите сакани, без оглед на нивната етничка припадност, заслужуваат нивниот случај да се затвори“, наведува посредникот во дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека прашањето за исчезнатите станува итно.

„Поради тоа, го посетив документарниот центар, одржав состаноци со ресурсниот центар за исчезнати лица и ја гледав емисијата“, напиша Лајчак на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Регион

Курти: Нема да дозволам друга српска држава на Косово

Објавено пред

Косовскиот премиер Албин Курти изјавил за албанската телевизија „Сири“ дека нема да дозволи „друга српска република на Косово, слична на онаа што постои во БиХ“.

dobivaj vesti na viber

„Не сум против Србите, но Србија е против нас и не можам да дозволам друга српска република на Косово, слична на онаа што ја имаат во Босна затоа што таму почнаа да ги соединуваат општините со мнозинство српско население и со тоа да прават автономен ентитет, што ја саботира државата БиХ“, вели Курти.

Тој верува дека постои слична цел и на Косово и наведе дека лидерите во Србија пред неколку години се обидоа да направат проект за размена на територии.

Курти не може да каже дека тој проект е мртов, ама тврди дека идејата пропадна.

Српскиот премиер повтори дека се противи за иницијативата „Отворен Балкан“ и ја обвини Србија дека се обидува да го дестабилизира Балканот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

И денес тензично на Комисијата за европски прашања, потпретседателката не дозволи процедурални обраќања

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ побара процедурални обраќања, а не амандманска расправа за измените на Законот за работни односи. Таа...

Македонија27 минути

Силјановска-Давкова: И за лаик е јасно законот кој доведе до тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не и е јасно како на дел од судиите и обвинителите им се...

Македонија2 часа

Нови 168 ковид-позитивни – нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Македонија3 часа

Високи тонови и караница во Собранието, каде што вчера имаше тепачка

Со високи тонови и карање почна денешната седница на Комисијата за европски прашања, каде што вчера имаше тепачка. Координаторот на...

Регион5 часа

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

Соседна Грција одредила притвор за 59-годишен српски државјанин, кој е уапсен по европска потерница од хрватските власти поради воени злосторства...

Македонија6 часа

Милошоски со кривична пријава против Азири, кој напиша „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе“

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири. Ваквиот чекор доаѓа...

Европа7 часа

Поранешен функционер на ЦИА: Во Кремљ се подготвува заговор против Путин, би можел да заврши како Троцки

Даниел Хофман, поранешен висок офицер на ЦИА, кој служел како шеф на станица во Москва, тврди дека Путин би можел...

Свет7 часа

Во камион во Тексас починале 46 мигранти

Американските служби јавуваат дека најмалку 46 тела се пронајдени во приколка на напуштен камион на периферијата на Сан Антонио, Тексас....

Европа7 часа

Зеленски: Русите извршија терористички чин со нападот на трговскиот центар

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја осуди Русија за нејзините пресметани воздушни напади врз трговскиот центар во градот Кременчук велејќи...

Македонија8 часа

(Видео) „Како на Дивиот Запад“ – собранискиот инцидент во медиумите од соседството

Во Собранието на Северна Македонија дошло до физичка пресметка кога пратеникот на СДСМ-ДУИ, Арбер Адеми, со шолји за кафе и...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Адеми да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите

ДУИ си го брани криминалот со физички напади врз пратениците, Ковачевски да го осуди дивеењето на Арбер Адеми, реагираат од...

Европа9 часа

Медведев: Секој упад на Крим ќе биде објава на војна на Русија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја членка на НАТО може...

Македонија19 часа

Џафери свикал итна координација: Граѓаните самите ќе проценат од снимките кој го предизвика инцидентот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и...

Македонија23 часа

Вархеји очекува Скопје и Тирана во наредните денови да ги отворат пристапните преговори со ЕУ

Говорејќи пред членовите на Европскиот парламент и парламентите на земјите на патот кон членство во ЕУ, еврокомесарот за проширување Оливер...

Европа23 часа

(Видео) Ракетиран трговски центар во Украина

Најмалку две лица загинаа, а 20 се повредени во ракетен напад врз трговски центар во Кременчук, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф...

Македонија24 часа

Димитрoв: Ако потрае играта со зборови од историското „Не“ ќе остане само прашина

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров повикува на итна реафирмација на македонските позиции во однос на спорот со Бугарија...

Европа24 часа

Борел: Проширувањето на ЕУ – геополитички императив

Проширувањето повторно е високо на агендата на ЕУ, но со неговото заживување, мора да се направат напори за реформирање на...

Европа1 ден

Петков: Поднесов оставка од функцијата премиер, следните избори ќе бидат реален референдум за тоа каква Бугарија сакаме

Утрово поднесов оставка од функцијата премиер на Бугарија, напиша на социјалните мрежи досегашниот премиер на Бугарија, Кирил Петков. „Во овие...

Македонија1 ден

Османи добил уверување од Макрон – со употребата на Северномакедонци направил ненамерна грешка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше телефонски разговор со Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, од каде што доби...

Економија1 ден

Намалување на цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...