Регион
Градоначалникот на Бања Лука му се налути на Додик: Го креваме знамето на оние што нè бомбардираа
Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, го критикуваше потегот на Милорад Додик, кој во Палатата на Републиката во Бања Лука проектира фотографија од новиот американски претседател Доналд Трамп со порака: „Република Српска честита“. Токму во таа зграда се наоѓа канцеларијата на Додик.
Претходно вчера во Бања Лука Додик организираше прослава во чест на победата на Трамп на претседателските избори и ги изрази своите очекувања дека новата администрација ќе ги укине санкциите. Инаку, токму вчера американското Министерство за финансии воведе дополнителни санкции со кои се казнува мрежа на компании и лица поврзани со Додик.
Сепак, Станивуковиќ не се израдувал што американското знаме било проектирано и на Палатата на правдата.
„Достоинството е многу драгоцена работа што никој не може да ви ја одземе, освен вие самите. Достоинството се одзема со вакви потези. На оние од кои преживеавме бомбардирање, кои нè ставија под санкции и на црни листи, денес им го креваме знамето на еден од симболите на Република Српска и тоа поради победата што сè уште не знаеме што ќе ни донесе.
Во ваквите потези нема ни достоинство ни државничка мудрост. За жал, постои едно Д – Дно на сервилност и понизност кое никогаш не било карактерот, ниту духот на нашиот народ. Му честитам на Доналд Трамп за победата, со верба дека и Америка и светот ќе бидат подобри, но додека јас го водам градот, нашата тробојка и симболите на градот ќе се виорат на зградата на градската управа“, напиша тој на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Успешно опериран Милорад Додик, од операционата сала е префрлен на одделението за интензивна нега
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска.
По неколкучасовна комплицирана операција, која започна во 8 часот, претседателот Додик беше сместен на Одделот за интензивна нега.
Во соопштението се додава дека претседателот на Српска им се заблагодарил на странските државници и на сите жители на Република Српска за пораките за поддршка и желби за брзо закрепнување што ги доби синоќа и денеска.
– Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Српска.
Додик вчера беше итно хоспитализиран поради акутни болки. Во болницата го посети и српскиот претседател Александар Вучиќ и му посака брзо закрепнување.
„Го посетив претседателот Милорад Додик пред утрешната интервенција и му посакав брзо закрепнување и добро здравје. Очекувам продолжување на соработката и нови средби со раководството на Српска. Ни претстои многу заедничка работа“, рече Вучиќ.
„Според првата дијагноза, по потребните подготовки, ќе има операција на хранопроводот и желудникот на претседателот Додик. Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, изјавија вчера од кабинетот на Додик.
Регион
Додик заврши во болница во Белград, ќе биде опериран
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, попладнево поради акутни болки бил на преглед во Белград, по што бил хоспитализиран.
Како што е соопштено од неговиот кабинет, според првата дијагноза, по потребните подготовки, ќе има операција на хранопроводникот и желудникот.
„Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, се вели во соопштението, пренесува РТС.
Регион
Вулин: Третата светска војна започна, само прашање е дали ќе стане нуклеарна
Српскиот вицепремиер Александар Вулин, кој е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати истакна дека прашањето не е дали започна третата светска војна, „прашање е само дали војната ќе ескалира до употреба на нуклеарно оружје.
Со бомбардирањето на Србија, западните сили ја изгубија довербата на слободните земји, додаде тој.
„Агресијата на НАТО против Србија во 1999 година беше последното неказнето злосторство во проколнатиот и крвав 20 век. И никој не беше обвинет за тоа, а Обединетите нации никогаш не кажаа ништо за тоа, ниту пак го доведеа во прашање, рече Вулин.
Тој го постави прашањето, како може некој да помисли да го води светот, ако нема никакви морални вредности?
„По агресијата против Србија, НАТО и Западот ја загубија својата морална сила. Како можете сега да побарате од Србија да се согласи дека, на пример, украинските граници се свети, а српските не се? Големите сили кои веруваат дека треба да го водат светот мора да бидат силни во економијата, војската и моралот за мене е најважниот дел од политиката, од човечкото општество, а тие го загубија во моментот кога почнаа да ја силуваат мојата земја, а се уште го прават тоа“, рече претседателот на српската влада.
Вулин додаде дека агресијата на НАТО, како во 1999 година врз Србија, не смее да се повтори во ниту една друга земја во светот.